05 Мај, 2024
0.0245

ИНТЕРВЈУ Д-Р СОФИЈАНОВА: Железната Лејди во бел мантил!

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Овој период беше период на вируси и на инфекции, па скоро секое семејство се соочи со грипови, настинки или други слични проблеми.

Токму затоа, тимот на Фактор се обиде на гости да повика вистински човек, кој може да ни ги пружи сите неопходни информации.

Разговаравме со доктор Аспазија Софијанова.

Фактор Ова е време во која актуелен  тренд се настинките и грипот, но и загадувањето на воздухот. Постои ли некоја поврзаност меѓу нив?

Софијанова Да, ова е период кога кај децата изолиравме грип и тоа според анализите барем два типа од грипот кои кружат низ населението. Во исто време актуелни се и стомачните вируси како Рота вирусот и за жал сипаниците. Децата се најранлива категорија и дел од нив потешко ги поминуваат овие состојби. Затоа и имаме голем број хоспитализации овој период. Загадениот воздух секако има удел во сево ова. Особено кај децата со асма и алергии како и кај доечињата. Во таа насока се и нашите препораки во деновите кога е мери екстремна загаденост на воздухот овие категории деца, па можеби и сите останати да не изнесуваат надвор без потреба.

Фактор Дали бебињата и децата треба да се чуваат дома кога загадувањето е големо надвор?

Софијанова Децата кои страдаат од асма како и оние кои имаат докажани респираторни алергии, препорачуваме да седат дома и да не излегуваат доколку нема потреба. Загадувањето кај овие деца може да предизвика влошување на здравствената состојба. Секако загадувањето е опасно и за помалите деца и генерално овие препораки можат да ги почитуваат сите.

Фактор Многу родители често знаат да ги поистоветат настинките и грипот со алергиите. Како да се направи дистинкција? Како да научат младите родители како да препознаваат што е што?

Софијанова Симптомите на грип можат да наликуваат на настинка па дури и на алергиска реакција и токму затоа препорачуваме секогаш, а особено во овој период децата да бидат прегледани од педијатар. Лекарот е тој кој ќе оцени за што точно се работи и ќе процени дали треба да се продолжи со некаква терапија. Родителите честопати прват грешка кога ги чуваат децата дома без да се советуваат со лекар во надеж дека состојбата ќе се подобри. Или уште полошо, совети бараат по различни форуми на интернет. Се случува децата по неколку дена да дојдат на клиника со влошена состојба и во тој случај и лекувањето е подолго. Важно е да се напомене дека педијатарот е тој кој треба да го прегледа детето кога неговата состојба е влошена и да процени како треба да оди лекувањето. Само на тој начин можат да се избегнат подоцнежни компликации.

Фактор Децата се најкревки, па поради тоа и најчесто подложни н инфекции. Како да ги заштитиме во овој период?

Софијанова Здравата исхрана и внесувањето на витамини преку овошје и зеленчук е еден од најважните начини за заштита на организмот. Прошетки на чист воздух доколку е тоа можно и секако да се избегува контакт со болни лица. Навремената реакција и консултација со лекар кога ќе се случи инфекцијата. Тоа е основната формула како да ги заштитиме децата и како да ги поминеме овие денови на инфекции и грип.

Фактор Дали градинките се извор на бактерии и инфекции, посебно во овој период или станувазбор за заблуда ?

Софијанова Голем дел од родителите денес работати нема друг начин да ги згрижат своите деца освен да ги носат во градиника. Секако дека мешањето на големи групи деца носи поголем ризик за пренос на инфекции, особено пради фактот што дел од родителите за жал носат и болни или не докрај излечени деца во градинка. Но инфекциите се јавуваат и кај деца кои се чуваат дома. Родителите, бабите и дедовците кои излегуваат од дома и се во контакт со други луѓе можат да ги донесат и пренесат инфекциите на децата. Во сезона на грип, еднакво подложни се децата кои одат во градинка и оние кои седат дома. Сепак  како педијатри мора да апелираме до раководителите на градинките  да ги советуваат родителите чии деца се веќе со инфект  да ги држат  децата дома за да не се шират инфекциите меѓу децата.

Пријателите ја знаат како Цули. Дечињата кои ги лекува, како добрата докторка. Нејзиното семејство како пожртвувана мајка, која во миговите кога се болни резонира како семеен доктор.

Фактор Која е Аспазија Софијанова кога не е на работа? Како ги полните вашите батерии?

Софијанова Слободното време го поминувам со своето семејство, со моите ќерки и со моите родители. Сакам да седнам со моите пријатели, да одам во родното Крушево, да се одморам од секојдневните обврски.

Фактор Каква сте вие како мајка? Попустлива или строга?

Софијанова Тоа треба да го кажат моите ќерки. Јас низ годините се обидував да ги насочам на патот по кој можат да се пронајдат себе си и да ги исполнат своите соништа и визии за иднината. Денес двете се успешни во своите професии и за мене како мајка тоа е најголема сатисфакција и животен успех. Секако дека имаме несогласувања околу многу работи, но таков е впрочем животот. Низ дискусии ги решаваме проблемите и продолжуваме напред заедно трите уште посилни.

Фактор Како се однесувате кога вашите ќерки се болни? Дали доминира докторот или мајката кај вас?

Софијанова Морам да признам дека се однесувам како лекар, но затоа имам бунтовни ќерки кои ме потсетуваат на тоа дека сум им пред се мајка. Па потоа уште и дискутираат со мене околу тоа дали треба да пијат лекови или не.

Фактор Антибиотик, да или не? Дали и вие како мајка ја имате ова дилема понекогаш?

Софијанова Како мајка можеби ја имам, но како лекари никогаш. Затоа е важно децата да се носат на лекар и родителите да се консултираат со педијатари. Тие врз основа на клиничката слика и анализите ќе оценат дали е потребен антибиотик или не. Не е секоја вироза за антибиотици, но има голем дел инфекции кои ако не се третираат навреме можат да развијат во сериозни компликации кои ќе бараат многу поагресивен пристап во лекувањето.

Фактор Дали и вие поседувате милениче?

Софијанова Од неодамна со нас живее Нони мало куче од расата Мопс. Од самиот момент кога влезе во нашиот дом ги освои нашите срца. Денес да се замисли денот без Нони е невозможно. Со нас во последниве месеци е во тешките моменти и низ убавите работи.

Фактор Дали можеби некое од вашите деца, одлучи да ве наследи?

Софијанова Мојата постара ќерка Марија живее во Лондон и работи како консултант во една од најпознатите консултантски компании. Помалата ќерка Анастазија е психолог и нејзината професија е многу поблиска до мојата. Од мене веројатно ја наследи љубовта кон децата и трпението да се работи со нив.

Професор д-р Аспазија Софијанова е родена во Скопје, каде и завршува дел од своето образование. Својата стручна надградба ја обликува во Австрија, Австралија, Америка. Се обидовме да ја вратиме во детството. Да откриеме од каде потекна нејзината желба да биде она што е денес.

Фактор Поголем дел од децата, кога ќе ги прашате што сакаат да бидат кога ќе пораснат, одговараат дека сакаат да бидат доктор. Дали тоа беше и ваша желба како дете?

Софијанова Да се расте покрај татко каков што е професор Софијанов значи да се биде во постојан  контакт со медицината и науката воопшто. Желбата да се постигне нешто во живото секогаш била присутна и со тек на времето полека се насочив кон медицината. Сакав да го работам она што го работеше мојот татко. Така и се запишав на Медицинскиот факултет и се определив за педијатријата. Морам да признаат дека желба на мојот татко беше да се занимавам со педијатриска неврологија, но во тоа време се запознав со интензивната нега и одлуката за моето понатамошно насочување беше донесена.

Фактор Со цел да се доближите до светските клиники и нивните методи, воведовте многу новини на Детската Клиника. Најсвежа е методата во која во лекувањето на децата ги вклучувате нивните домашни миленичиња. Која е целта на оваа техника?

Софијанова Во изминативе четири години воведовме многу нови методи на клиниката, медицински но и новини во пристапот со децата. Сакаме да посветиме поголемо внимание и на психолошкиот момент во делот на нивниот престој на клиниката. Затоа отворивме неколку катчиња за забава и библиотеки. Вклучувањето на домашни миленици е нешто што одамна се практикува во европските клиники. Докажано е дека ова има силно влијание во лекувањето на децата и тоа во делот на психолошкиот момент.

Фактор Вие сте родени во Скопје. Матуриравте во САД. Што ве натера да се вратите во Македонија?

Софијанова Во еден период од мојот живот ја имав дилемата дали да останам во САД и да продолжам таму да работам како лекар или да се вратам назад во Македонија. Низа фактори беа пресудни за мојата одлука. Секако најважно беше семејството, моите две ќерки. Донесов одлука да се вратам и да продолжам да работам во земјава на Одделот за интензивна нега на Клиниката за Детски болести и еве сум тука 20 години подоцна.

Фактор Постои ли разлика помеѓу лекарите во САД и лекарите во Австралија или Јапонија?

Софијанова Луѓето од секоја земја имаат свој менталитет, култура, живеат во различно општество повеќе или помалку се под влијание на религијата и традицјата, насочени се повеќе или помалку кон средината надвор. Затоа и САД, Австралија и Јапонија се посебни и различни, иако во медицината сите три се на завидно развојно ниво. Во Австралија научив многу за интензивната нега на новороденчињата. Нивниот пристап кон оваа проблематика и нивото кое го достигнаа во третмано е на завидно ниво. За медицината во САД нема потреба да се зборува. Тие се на високо ниво и во делот на развојот на новите методи и лекови и во делот на лекување на пациентите. Од друга страна Јапонија е нешто посебно и специфично. Апсолутно супериорни во делот на медицината од една страна, со една култура и менталитете кој сето тоа го става во еден поинаков контекст на огромна самодисциплина и желба за проглес.

Фактор Вие сте дел од проектот за трансплантација во РМ. Какви се реакциите на јавноста?  Дали Македонците се подготвени за дарување на органите на членовите на семејството?

Софијанова По првите направени кадаверични трансплантации сфативме дека нашето население е и повеќе од спремно за дарување органи. Иако бевме на самиот почетот успеавме да направиме успешни трансплантации и луѓето даруваа органи. Сепак според мене мора да се направи кампања на национало ниво за да се запознаат луѓето со продобивките од органодонорството и трансплантацијата. Само на тој начин ќе го зголемиме бројот на донори и ќе имаме успешна програма за трансплантација.

Фактор Вакцини, да или не?

Софијанова Вакцини да. Како педијатри должни сме да ги заштитиме нашите деца, а нема подобра заштита од редовната имунизација. Во време кога е доведена во прашање  употребата на вакцините, наше е да ги едуцираме родителите зошто децата треба да се вакцинираат и кои се последиците од неимунизацијата.

Фактор Кои се вашите совети за заштита на децата во овој период од годината?

Софијанова Како што веќе реков, првилна исхрана со многу овошје и зеленчук во оброците, здрав воздух, повеже физичка активност  помалку цртани филмови и таблети. Прие секоја настинка консултација со педијатар.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ