26 Април, 2024
0.0276

ИНТЕРВЈУ ЃОКО ЈОВИЌ: Како дете нижев тутун, не го кријам тоа од фановите

Објавено во: Стил 11 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот, раскажува познатиот пејач кој завчеравечер го претстави новиот албум, симболично насловен „Корени“

Со коктел-забава под отворено небо во еден познат скопски ресторан, Ѓоко Јовиќ официјално го претстави новиот албум „Корени“. Дури осум од песните со етно-поп манири се дело на проверениот авторски тандем Лазар и Магдалена Цветковски. Една нумера е на Миле Наумовски, а текстот го потпишува Марина Лотеска. Два дена по промоцијата, познатиот пејач ја отвори душата за „Женски Магазин“ и искрено проговори за својот пат до успехот. Како што вели, животот не му бил секогаш благонаклонет, но се радува што сега е реализиран човек, среќен татко и сопруг.

Женски Магазин* Со новиот проект отвораш и ново поглавје во кариерата. Во време кога многу популарни пејачи пласираат етно рефрени за да допрат до поширок аудиториум ти се одлучи фолкот да го замениш со поп. Зошто?

Ѓоко- Кога станува збор за, условно кажано, песните со кои почнав да ја градам својата кариера, на публиката ѝ подарив три албуми за кои, морам да бидам нескромен и да кажам дека беа одлично прифатени од публиката. Оваа објава е всушност една од моите животни желби, да промовирам албум со поп композиции кои мене ми се особено драги. Публиката има свои побарувања, нам ни останува да ги задоволиме потребите, во што се надевам дека успеав. Следејќи го развојот на музиката, сфатив дека е дојден вистинскиот момент за да го реализирам мојот сон. Трендот не знае да чека и мислам дека поп музиката е една од најактуелните во моментов на нашите простори, па затоа се одлучив за промени. Тоа не значи дека ја потценувам народната песна, но ете, тоа беше мојот сон, а соништата заслужуваат да бидат остварени.

Целото интервју на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти