16 Декември, 2018
0.3078
    ALK 8197.71    -1.16%     FERS 67900    0%     GRNT 800.16    -2.3%     KMB 5024.07    -0.79%     MPT 46679.54    -1.73%     MTUR 4900    0%     OHB 6517    -0.43%     OILK 6000    0%     OKTA 4350    0%     RMDEN12 97.3    0.31%     RMDEN15 96.8    -0.41%     RMDEN16 97    0%     SBT 1950    8.22%     SOLN 170    0%     STB 1281.65    -0.63%     TEL 299.58    -0.14%     TNB 14180    -0.14%     TTK 1270    -0.78%     ZLRB 6170    311.33%

ИНТЕРВЈУ МАРТИЈА СТАНОЈКОВИЌ: Ѕвездичка која има сон да го освои светот!

Објавено во: Стил 28 Март, 2016

Мартија Станојковиќ има само 11 години, а веќе е на пат да го освои светот. Таа е една од трите кандидатки од Македонија во годинешната сезона на „Пинкови звездички“, кои важат за фаворити за освојување на првото место. Секој настап на Мартија е посебен и завршува со овации од публиката и жирито. Членовите на жирито имаат само пофални зборови за „малата Македонка“ како што ја нарекуваат Гоца, Хари, Милан, Јелена и Леонтина. За неа велат дека уште отсега треба да почне да работи со некој продуцент и за неколку години и предвидуваат дека ќе достигне светска слава. Со Мартија разговаравме ден пред нејзиното заминување во Белград. Денеска таа има ново снимање, ново доживување. За себе вели дека е обично дете, кое сака да се дружи со другарите, но има голем сон – да стапне на некоја светска сцена. Нејзина омилена македонска пејачка е Тамара Тодевска, а од светските звезди ја обожава Ариана Гранде. Фактор: Кој прв го забележа твојот талент за музика? Дали во семејството има други музичари? Мартија: Не знам точно кој прв го забележал мојот талент за пеење, ама знам дека тоа сигурно се или моите родители или сестра ми и брат ми. Сите тие ми раскажуваат која песна прва сум ја научила и како сум ја пеела и сега заедно се смееме на тие моменти. Сите во моето семејство многу сакаат да слушаат музика, но немаме ниту еденј професионален музичар. Сите ми велат дека мојата баба Стојка, мајка на мајка ми, многу убаво пеела и имала ист глас како познатата пејачка Васка Илиева, но за жал никогаш не се бавела професионално со музика. IMG_1336 Фактор: Кој и зошто те пријави на Пинк звездичките? Дали претходно имаш учествувано на вакви слични музички натпревари? Мартија: На Пинкови звездички ме пријавија мајка ми и татко ми. Ме прашаа дали сакам и јас со воодушевување прифатив. Инаку претходно на мојата седум у осум  годишна возраст учествував на кумановскиот детски фестивал „Детелинка. Првата песна ми се викаше „Пејачка“, а втората „Зоки Зоране“. Фактор: Кој ти е најголема поддршка во целиот овој период? Мартија: Најголема поддршка ми се моите родители, брат ми и сестра ми, братучетка ми Јована и сите мои поблиски и подалечни роднини и другари. Но, не смеам да ја заборавам мојата професорка, мојот ментор Ивана Свилар, која  несебично се труди да ми го пренесе сето потребноо знаење, за да можам да бидам тоа што сум сега на сцена. [caption id="attachment_207774" align="aligncenter" width="666"]IMG_3511 Мартија Станојковиќ е родена во Скопје на 7 април 2004 година. Одлична ученичка е во шесто одделение во основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово. Уште како мала имала голем интерес за музика и танц, така што уште од својата 4 година се запишала во балетското студио „Ултра“ во Куманово. Учествувала на бројни натпревари, како државни така и меѓународни, и на светско ниво има освојувано и први места. Кога тргнала на училиште паралелно се запишала и во основно музичко учiлиште и четири години свирела виолина. Но, откако се пријавија на Пинковите звездички, сите други активности се ставени во мирување и најмногу време поминува со својор ментор Ивана Свилар каде ги усовршува своите вокални и солистички способности.[/caption] Фактор: Дали се напорни снимањата, патувањата? Дали создаде нови пријателства во Белград или меѓу себе се доживувате како конкуренција? Мартија: Да, секако дека патувањата се чести н напорни, зошто имам обврски во училиште,  а тука се и часовите по пеење.Нови пријателство секако дека имам многу. Сите многу се дружиме, и сите многу ги сакам. Кога сме заедно на снимањата во Белград не ни размислувам и не ги доживувам како конкуренција, но факт е дека сме си конкуренција затоа што сите сме многу добри во пеењето.IMG_3504 Фактор: Кој ти помага при изборот на песните и колку време е потребно да се подготвиш за еден настап? Мартија: Сите даваат по некоја сугестија за некоја песна, но можам да кажам дека изборот го правиме со мојата професорка Ивана. Времето за подготовки е различно секогаш. Некогаш имам 15 денови за подготовка на песни, некогаш и еден месец, во завивност кога ќе ни ги закажат снимањата. Фактор: Каква е Мартија приватно? Факт е дека си славна, но дали те промени тоа Мартија: Мартија приватно е обично дете кое оди на училиште и се дружи со своите другари како и порано, но сега се зависи од тоа колку ми дозволува времето. Секако дека славата ми годи многу, но ќе се трудам да останам приземна и достапна за сите како и досега. И мислам дека не сум променета, но сепак најдобро е тоа да го кажат сите кои ме познаваат. IMG_3512 Фактор: Каде се гледаш во иднина? Дали музиката ќе биде твоја животна определба? Мартија: Мојот сон е да стапнам на некоја светска сцена. Иако сум многу мала и уште не се размислувала на таа тема, но би сакала со музика да се бавам целиот мој живот. IMG_3514 Фактор: Доби пофалби од жирито дека си веќе изградена пејачка и поп звезда. Кој е твој музички идол? Мартија: Од македонската сцена идол ми е Тамара Тодевска, а од светската сцена Ариана Гранде. IMG_3501 Фактор: Од кој член на жирито најмногу имаш трема и како се чувствуваш кога ќе се појавиш на сцената? Мартија: Секогаш имам, но можам да кажам позитивна трема пред да излезам на сцена. Кога ќе се отвори вратата и кога ќе зачекорам на сцената веќе ја нема тремата и сакам мојот настап подолго да трае. Сакам да пеам пред публика. За жирито не можам некого посебно да издвојам. Никој не ми дал досега лош коментар. М.Ј. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=2f2cuMh9-Ek[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Како Скопјанецот Стојче се богати од билка која ја донеле нашите предци во времето на Александар Македонски

Како Скопјанецот Стојче се богати од билка која ја донеле нашите предци во времето на Александар Македонски

(ВИДЕО) КОГА НАДЕЖТА Е ПОСИЛНА ОД БОЛЕСТА: Ова девојче прави неверојатни цртежи

(ВИДЕО) КОГА НАДЕЖТА Е ПОСИЛНА ОД БОЛЕСТА: Ова девојче прави неверојатни цртежи

(ФОТО) На кого личи Илина: Сара Мејс конечно ја покажа ќерка си

(ФОТО) На кого личи Илина: Сара Мејс конечно ја покажа ќерка си

(ВИДЕО) БОЖИЌНАТА РЕКЛАМА НА ХИТРОУ: Кадифените мечки повторно се тука

(ВИДЕО) БОЖИЌНАТА РЕКЛАМА НА ХИТРОУ: Кадифените мечки повторно се тука

(ФОТО) ИЗБЕГАЈТЕ ОД ДОМА: Градови кои се магични за дочек на Новата година

(ФОТО) ИЗБЕГАЈТЕ ОД ДОМА: Градови кои се магични за дочек на Новата година

Давид од Куманово директно од Фиџи открива како е да се живее таму

Давид од Куманово директно од Фиџи открива како е да се живее таму

(ФОТО) Еве на кого личи пејачката: Ова се мајката и сестрата на Елена Ристеска

(ФОТО) Еве на кого личи пејачката: Ова се мајката и сестрата на Елена Ристеска

Бесплатни новогодишни концерти во регионот: Најлудо во Дубровник, Будва и Пореч

Бесплатни новогодишни концерти во регионот: Најлудо во Дубровник, Будва и Пореч

Ќе се женам: Љубовната приказна на Александар Белов

Ќе се женам: Љубовната приказна на Александар Белов