05 Мај, 2024
0.0245

Интервју Виктор Митревски: Работиме на глобален пазар, но моментално сме најмногу фокусирани на Германија

Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

ИТ индустријата е најбрзорастечка индустрија во светот. За оваа тема разговаравме со Виктор Митревски, директор на компанијата Интертек, за потребата од професионален кадар, каде е Македонија на мапата во овој сектор.

1. Виктор вие сте CEO на Интертек, ИТ компанија за развој на продукти. Каква е ситуацијата на макеоднскиот пазар според вас? Каде се движат работите, во која насока?

- Ситуацијата на македонскиот пазар во ИТ секторот е во постојан раст и развој. Имаме доста одлични компании кои се позиционираат на светскиот пазар и градат успешни приказни. Моето искуство кое го имам во оваа индустрија е големо, досега сум бил дел од повеќе компании и сум сведок како развојот на индустријата од ден на ден оди во нагорна линија.  

2. Генерално проблемите во ИТ секотрот е потребата на професионален кадар. Како се справувате со сето тоа?

- Проблемот со кадарот во професијата е голем, за жал имаме недостаток на луѓе. Дел од луѓето кои работат во ИТ индустријата се селат надвор и работат во светски компании. И не е само овој проблем во Македонија, истото се случува и во големите европски земји и во Северна Америка.

Она што е интересно да се напомене е дека луѓето ја прифаќаат оваа професија без разлика на годините и професијата. Имаме луѓе, на пример, од банкарскиот сектoр кои за релативно краток временски период успеале да навлезат во овој сектор и сега работат во ИТ индустријата. Постојано се трудиме да продуцираме кадар и ние самите преку нашата Интертек талент програма, која што опфаќа пракси и обука во траење од 3 месеци, но и преку соработки со академии и факултетите во државата. На пример, минатиот месец нашата талент програма успешно ја завршија 4 млади луѓе и тие веќе се дел од нашите тимови.

Генерално, мислам дека доколку не се промени нешто многу подрастично, Македонија може да остане поназад од европските земји со развој на квалитетен кадар во високо технолошките области како: Machine Learning & Artificial Intelligence, Big Data & Business Intelligence, Blockchain и IoT. Покрај овие технологии недостасува кадар и во други области како Product Management, UI/UX, Performance Marketing, Data Analysts па дури и Business Development. Тоа се кадри кои за жал нашите факултети само парцијално ги опфаќаат и сметаме дека доколку не се воведат нови комплетни програми, истите нема да можеме да ги генерираме и понудиме на светските пазари. 



3. Колку луѓето кај нас се дигитално писмени и дали државата има стратегија за продукција на ваков кадар како што е тоа пример во Малта?

- Како нација мислам дека имаме голем потенцијал. Со малку труд и со неколку промени можеме да постигнеме многу. Зошто да не бидеме, ете како што ја напоменавте како Малта, извор на ИТ продукти во светот. Не треба многу за тоа.

Ние како компанија константно работиме на тоа да ја промениме перцепцијата за нашата држава, дека може да понуди комплетен развој на продукти во сите чекори на развој, а не само да понуди класичен outsource развој и изнајмување на луѓе на странски клиенти за развој на веб и мобилни апликации.

4. Кажете ни малку повеќе за Интертек како компанија? Од кога постоите и со што се се занимавате конкретно?

- Интертек е 100% македонска компанија која е основана од Димитар Силјановски во 2015 година. Димитар е ИТ професионалец кој што повеќе од 5 години живее и работи во Минхен и има огромно ИТ искуство кое го стекнал работејќи на високи позиции во познати компании во светот.

Интертек како компанија е фокусирана на комплетен развој на продукти заедно со нашите клиенти и партнери. Тоа подразбира дека нашите вработени се целосно интегрирани во тимовите на клиентите (односно партнерите), учествуваат во секој чекор од развојот на нивните продукти и се чувствуваат како да работат во нивната компанија.

Покрај тоа, Интертек константно инвестира и во свои продукти. Моментално имаме 2 свои продукти, Routyx кој што е SaaS базиран софтвер наменет за олеснување и оптимизација на транспортот и логистиката во компаниите, како и уште еден во делот на пазарот со недвижности кој што се развива исклучиво за германскиот пазар во соработка со 2 германски партнери. Наскоро ќе може да споделиме повеќе детали. 


5. На кои се пазари сте присутни во моментов? И какво е искуството да се работи со големи компании од професионален аспект?

- Работиме на глобален пазар, но моментално сме најмногу фокусирани на Германија. Пред извесен период отворивме и канцеларија во Минхен и полека градиме тим и таму. Како компанија работиме скоро 4 години со Global Savings Group, која е прва компанија со која започнавме соработка и тим од над 40 професионалци работи за нив. Може да се пофалиме дека пред 2 месеци започнавме соработка и со познатата германска компанија Salamander каде што веќе започнавме да работиме на дигитализација на нивните процеси. Другите клиенти се релативно помали компании (Startup) кои сѐ уште не се познати на нашиот пазар, но се надеваме дека истите ќе пораснат во светски компании за кои сите ќе можат да слушнат

6. Што е она кое ве прави успешни?

- Дефинитивно нашите вработени, нашиот метод на работа, посветеноста кон клиентите и квалитетот на нашата работа. Ние нудиме една голема палета на услуги и комплетна интеграција со нашите клиенти. Имаме сосема различен пристап од оној класичен outsource кој најчесто го нудат software development компаниите од Македонија. Работиме на градење на стратешки интегрирани тимови заедно со нашите партнери што ни овозможува успешна и долгогодишна соработка. 



7. Што е она што го правите за вашите вработени? Кои се условите за работа во Интертек?

- Условите за работа се одлични. Имаме околу 70 вработени, сместени сме во канцеларии на одлична локација во центарот на Скопје и Минхен кои се по сите светски стандарди на големите ИТ компании, со места за забава, убав двор за релаксација и простор за размена на знаење и организација на работилници. Секој петок правиме афтерворк забава во нашиот двор и се дружиме максимално колку што ни дозволува времето. Покрај тоа, многу инвестираме во добра опрема за работа како и во едукација и надоградба на нашите вработени, преку посета на познати конференции, курсеви, сертификати, итн… Она што ни е исклучително важно е вработените да имаат константен предизвик во работата, да работат на интересни проекти со најнови технологии и константно да се надоградуваат.

Сигурен сум дека после одговорот на ова прашање веќе ќе ги предизивкаме луѓето да дознаат повеќе за нас.

8. Какви се плановите на компанијата во иднина?

Плановите се секако да продолжиме да ја развиваме компанијата. Главен фокус во следниот период ни е растење на тимот во новата канцеларија во Минхен, растење на тимовите на нашите клиенти во Скопје и развој на нашите сопствени продукти. Се надевам дека од следната година ќе се прошириме и во други држави во Европа со нови канцеларии, почнувајќи од соседството.

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото