26 Април, 2024
0.0541

IQOS ја создава иднината на тутунската индустрија

Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Тутунската индустрија се менува и следејќи ги новите тенденции, својата иднина ја гради на производите со несогорлив тутун. Овие производи, што го загреваат, а не го согоруваат тутунот, се следната фаза во развојот на индустријата. Трансформацијата се должи и го следи менувањето на навиките на возрасните пушачи и пред се нивните потреби и на оние кои не можат да се откажат од пушење им овозможува подобра алтернатива. 

Научните истражувања потврдија дека никотинот не е примарниот причинител на болестите поврзани со пушењето, туку тутунскиот чад. Заради тоа, компанијата Филип Морис, работеше 10 години на создавање на производ со чие користење нема согорување на тутунот. Резултатот на тоа е IQOS. Посебноста на овој уред произлегува од фактот што истиот го загрева, но не го гори тутунот, и на тој начин го елиминира чадот, а го овозможува потребното и бараното искуство на возрасните пушачи. При загревањето на тутунот се избегнува хемискиот процес на создавање на штетните состојки што се јавуваат при горење на тутунот односно при пушењето цигари или тутун за пушење. Впрочем, научно е докажано дека користењето на IQOS ослободува околу 95% помалку штетни состојки и тоа го прави подобар избор за возрасните пушачи кои не сакаат да се откажат од пушење. Постои разлика и меѓу IQOS и електронските цигари, и тоа суштинска, каде IQOS користи вистински тутун, а електронските цигари не користат тутун туку загреваат течност во која има никотин. 

Трансформацијата на тутунската индустрија и прилагодувањето на новите тенденции започна со лансирањето на IQOS во 2014 година на пазарот во Јапонија од страна на Филип Морис Интернешнал. Овој производ како сублимат на наука, иновација, технологија, ритуал и подобра алтернатива на цигарите во суштина ја смени тутунската индустрија и го понуди првото издржано решение за намалување на ризиците од пушењето. Денес IQOS користат повеќе од 8 милиони корисници на повеќе од 50 пазари во светот како САД, Јапонија и Италија, но и земјите од регионот, Србија, Хрватска, Албанија, Грција, Босна и други. Веднаш по лансирањето, иновативниот производ беше прифатен од возрасните пушачи токму заради овозможувањето на автентичното искуство, но со драстично помалку штетни состојки кои се ослободуваат од согорувањето на тутунот во цигарите. 


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“