Иран е подготвен да преговара доколку САД ги укинат санкциите
Објавено во: Свет 06 Август, 2019
„Иран е подготвен да преговара со Соединетите Американски држави доколку Вашингтон ги укине санкциите за Техеран“, рече иранскиот претседател Хасан Рохани, цитиран од француски печат.
„Исламска Република Иран ја поддржува идејата за преговори и ако САД навистина сакаат да преговараме, најпрво треба да ги укинат санкциите кон Техеран“, изјави претседателот на иранска телевизија.
Исто така, Рохани исткана и дека војната со Иран е мајка на сите војни, уште еднаш предупредувајќи дека преминот на танкерите преку Ормускиот теснец можеби не е безбеден.