Иран поседува докази дека САД директно ги поддржуваат џихадистите
Објавено во: Свет 12 Јуни, 2017
Иран поседува докази дека САД директно ги поддржуваат терористите од „Исламската држава“.
Заменик началникот на генералштабот на Иранските вооружени сили , Изиди Мустафа ја соопшти оваа информација.
„Како што претходно изјави врховниот лидер на Исламската револуција ајатолахот Хомнеј, имаме документи и информации кои докажуваат директна поддршка на американскиот империјализам на ова ужасно движење (ИСИС) во регионот, кое ги уништи муслиманските земји и донесе масакри и конфликти"- вели Изади, а пренесе иранската агенција Фарс.
Претседателот на Собранието на Иран, Али Лариџани, претходно ги осуди двата терористички напади кои се случија во Техеран, и изјави дека Америка стои позади сите терористички напади, како и дека САД се „најголемата терористичка група“.
И од Турција претходно имаше обвинувања дека САД поддржуваат терористи, но американскиот Стејт департмент ги отфрли како „смешни“ обвиненијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека коалициските сили предводени од САД ги поддржуваат терористите во Сирија.