Исчезнатиот режисер Петровски за среќа брзо пронајден
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2017
Режисерот Мето Петровски кој боледува од Алцхајмерова болест за среќа брзо е пронајден откако вчера беше пријавен за исчезнат. Тој по едно деноноќие е пронајден жив и здрав, информираат неговите пријатели и семејството.
Петровски пред два дена се изгубил во центарот Лептокарија во Карпош, по што неговите најблиски вчера го пријавија исчезнувањето.
Мето Петровски беше долгогодишен режисер на документарни филмови во МТВ, добитник на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија за својата 50-годишна творечка дејност. Сега е во пензија.