05 Мај, 2024
0.0241

Исчистете ги белите дробови од катран и токсини со помош на овие намирници!

Објавено во: Стил 20 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Ракот на белите дробови е еден од водечките предизвикатели на смрт од карцином во светот и од него во најголем број заболуваат токму оние кои секојдневно уживаат во вдишување на димот од цигарите.

Постојат различни начини да ги исчистите белите дробови од катран и токсини и така да го намалите ризикот.

Одредени намирници, на пример, може да ви помогнат да ги прочистите дробовите. Запамтете дека дробовите не можете целосно да ги исчистите само со конзумирање на овие намирници, но барем во одредена мерка може да се ослободите од токсини.

Пченка шеќерка

Содржи бета-криптоксантин за кој се смета дека ги штити белите дробови од карцином бидејќи претставува силен антиоксиданс.

Селен

Селенот е јак антиоксиданс кој може да се најде во разни видови на риба како туна, лосос и бакалара, но и во јагнешко, јајца и житарици.

Кромид

И белиот и црвениот кромид содржат состојки кои имаат антиканцерогено дејство. Кромидот помага во спречување на многу болести, меѓу кои се инфекции и рак на белите дробови. Интересно е дека кај лицата кои веќе имаат карцином спречува раст на нови клетки.

Ѓумбир

Силно средство за „исфрлување“ на токисините од белите дробови. Одличен избор е чај од корените на ѓумбир кој го олеснува дишењето, а парче ѓумбир може да се јаде со секој оброк.

Портокали

Освен што на сите ни се познат извор на витамини, Портокалите превентивно влијаат против рак на белите дробови.

Коприва

Оваа билка е преполна со железо, а многу е корисна и како средство за дезинфекција на белите дробови и борба против инфекции.

Чај од борови иглички

Традиционално се користи за перење на устата и грлото, но може да биде добар сојузник во борба против рак на белите дробови.