ИСЛАМСКА ДРЖАВА ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Tројца борци на „калифатот“ пукаа со автоматско оружје, четвртиот предизвика пожар
Објавено во: Свет 29 Март, 2024
Исламска држава (ИД) го потврди апсењето на четворица нејзини членови, кои го извршија нападот во Москва во петокот, каде загинаа 143 луѓе.
Изданието на ИД, „Ан Набаа“ потврди дека „четворица борци кои се војници на калифатот“ ја нападнале салата во предградието на Москва. Тројца од нив користеле автоматско оружје, а четвртиот предизвикал пожар, напиша „Ан Набаа“, повикувајќи се на каналите на џихадистичката група на Телеграм. Напаѓачите потоа побегнале.
Руските сили почнаа потера и на крајот ги опколија терористите во шумска област близу границата со Украина.
„Господ да ги ослободи од заробеништво“, напиша неделникот „Ан-Наба“.
Европските земји стравуваат од напади и ги засилните безбедносните мерки. Ваков терористички напад со толкав број жртви во Русија немало 20 години.