01 Мај, 2024
0.0276

Истокот со извесни кандидати во трката за градоначалници

Објавено во: Македонија 19 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Извесни се веќе кандидатите од политичките партии со кои ќе излезат во трката за градоначалнички мандат  на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври 2017. Според неформалните партиските анкетите и партиски извори, Социјалдемократскиот сојуз ќе им даде шанса на млади, но докажани членови на партијата, додека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се обиде и ќе влезе во трката со актуелните градоначалници. 

Во општина Берово, СДСМ сосема извесно ќе го кандидира  Звонко Пекевски, вработен во општина Берово и кандидат за градоначалник во 2013 година, но шанси му се даваат и на претседателот на општинската организација, Јованчо Матеничарски, кој беше носител на листата за локалните избори во 2013 година од страна на Либералната партија. 

Актуелниот градоначалник Драги Наџински од редовите на ВМРО ДПМНЕ ќе се обиде да ја добие внатре партиската поддршка, каде ќе има конкуренција во претседателот на општинската организација во Берово, Никола Атанасов, кој исто така има амбиции за градоначалнички мандат. 

Неизвесна трка за градоначалничката фотелја се очекува и во, каде СДСМ според најавите ќе се борат Горан Трајковски и, Горан Георгиевски. Актуелниот градоначалник на Делчево, Дарко Шехтански со сигурност ќе биде еден од најсериозен кандидат за градоначалник во Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. 

Во Пехчево, град кој за важи за „вмровски„ сигурен кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, повторно ќе биде Игор Поповски. Мали шанси му се даваат на Ванчо Апостоловски, актуелен претседател на општинската организација во Пехчево. Во редовите на СДСМ во Пехчево најголеми шанси во трката за градоначалник им се даваат на претседателот  на општинската организација Драган Тренчовски, како и на Борче Бојчовски активен член на СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски