06 Мај, 2024
0.0248

Историска инвестиција: Кинезите во Бразил вложуваат дури 50 милијарди долари

Објавено во: Економија 16 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Ли Кецијанг, премиерот на Кина, следната недела во Бразил ќе потпише договор за кинеска инвестиција вредна 50 милијарди долари.

Си Џинпинг, кинескиот претседател, најави во јануари дека таа држава во наредните десет години ќе вложи 250 милијарди долари во Јужна Америка. Од посетата на Кецијанг во Бразил, во текот на која ќе биде потпишан банкарскот договор на двете држави, се гледа дека тој амбиционен план на Пекинг почнува да се остварува.

Железница

Кинезите сакаат да изградат железница од бразилскиот брег на Атлантскиот океан до перуанскиот брег на Пацифичкиот океан, како би ги намалиле трошоците за доопремување на сировини од Јужна Америка. Покрај тоа , во план е вложување со бразилската држава во заедничко производство на челик, Би-Би-Си наведува дека Бразил во моментов најголем дел од железо извезува токму во Кина.

-Мора да го почекаме крајот на посетата да видиме кои се проекти ќе бидат - вели Жозе Грас Лим, бразилскиот државен потсекретар задолжен за Азија и Океанија.

Покрај огромниот трансконтинентален железнички проект, кинеските пари во Бразил би требало да бидат вложени и во производството на автомобилските делови, енергетика, пристаништа, хидроенергија и национална железница.

Бразилската економија, која своевремено била една од најбрзо растечките во светот, стагнира во последните пет години. Јавноста во таа држава е вознемирена поради корупцискиот скандал во државно нафтениот гигант „Петробрас“, во кој се заплеткани многу високи претставници. Кинескиот премиер покрај Бразил ќе ја посети и Колумбија, Перу и Чиле.

Банка

Бразил е една од 20 земји надвор од Азија која ќе учествува во основањето на Азиската инфраструктурна инвестициона банка, која ќе ја води Кина и која САД ја гледаат како закана за ММФ и Светската банка. Оваа банка, со седиштето во Пекинг, која би требало да почне со работа кон крајот на годината, засега има 57 основачи. Израел е последната држава која се приклучи на друштвото во кое се Франција, Германија, Италија, Шведска, Швајцарија, Јужна Африка и други.

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?