ИСТРАГАТА ПРОДОЛЖУВА: По скандалот во „25 мај“ директорот презеде одговорност
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2018
Поради морални причини директорот на Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми „25 мај“ која ја потресе скандал со 13-годишното девојче кое минатата недела абортираше реши да се повлече.
Притисокот од јавноста очигледно имаше влијание при што Стевчо Соколовски поднесе оставка .
Истрагата ќе продолжи а надлежните очекуваат МВР и ОЈО да преземат мерки согласно со нивната надлежност, со цел да се пронајдат и санкционираат лицата коишто ја злоупотребувале малолетната жртва.
Од министерството за труд и социјална политика (МТСП) додаваат дека со овој случај се покажуваат аномалиите на разрушениот систем на социјална заштита, особено кога станува збор за деца во специфичен ризик потенцирајќи дека е повеќе од потребна координација меѓу сите институции и воспоставување систем кој вистински ќе ги заштити децата од социјален ризик.