ИСТРАЖУВАЊЕ: Кои се најмрзливите и најактивните народи во Европа?
Објавено во: Стил 10 Август, 2017
Околу 78% од возрасните во Бугарија воопшто не практикуваат физичка активност, пишува Daily Mail, наведувајќи податоци од истражување.
Зад Бугарија се Малта, Португалија, Романија, Италија, Грција, Кипар и Полска.
На другиот крај на листата се Швеѓаните кои се најактивни физички. 90% од возрасните во Шведска редовно ги посетуваат теретаните и спортските сали.
Жителите на Велика Британија се наоѓаат во средината на листата која е составена врз основа на податоци за 28.000 возрасни лица во ЕУ.
Рангирањето се базираше на резултатите од истражувањето нарачано од Ladbrokes. Учесниците беа интервјуирани за тоа колку често вежбаат и колку вежбаат неделно.