26 Април, 2024
0.1807

ИутеКредит меѓу компаниите со најголем раст во Европа

Објавено во: Мои пари 05 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Групацијата ИутеКредит се најде на 172-то место на листата со 1000 најбрзорастечки компании за 2021 која ја изготви списанието „Фајненшл тајмс“.

Овој успех не е случаен, туку резултат на добрите политики кои ИутеКредит на ниво на групација ги спроведува дури и во услови на пандемија и економска неизвесност.

„До 2019 година работевме тивко за наше задоволство и да им служиме на нашите клиенти. Во 2019 година, се претставивме пред поголемата заедница на инвеститори на берзата во Франкфурт. Во 2020 година, ја лансиравме IuteStory и се промовиравме пред пошироката јавност. На почетокот на 2021 година, постигнавме уште еден успех со тоа што сме ставени на листата на најбрзорастечки компании во Европа според „Фајненшл тајмс“. Следниот чекор е да растеме навистина брзо. Ќе ја удвоиме нашата понуда на производи на нашите клиенти со додавање на услуги за плаќање; ќе ја удвоиме комфорноста и брзината овозможувајќи им на клиентите да земаат кредити и да вршат плаќања преку нивниот паметен телефон; ќе го удвоиме бројот на клиенти и билансот на состојба, а имаме за цел да станеме и бизнис со НАЈБРЗ раст во Европа. А да се биде на 172-та позиција во цела Европа е добра почетна точка. Благодарни сме им на нашите клиенти, на нашите конкуренти, на нашите тимови, на нашата среќа. И ајде да продолжиме со нашите напори! Честитки за луѓето на Иуте- работите во една од најбрзорастечките компании во цела Европа“, изјави Термо Силд, извршен директор на групацијата ИутеКредит.

Анализирано по индустрии, рангирањето уште еднаш го одразува растот на технолошките бизниси кои доминираат со 219 претставници, наспроти 189 минатата година, а ако на тоа се додадат и компаниите од финтек индустријата и е-трговијата, нивниот број се искачува на 290, што е јасен показател за тоа каде ќе се движиме во иднина.

Оваа листа ја направи „Фајненшл тајмс“ во партнерство со „Статиста“ која ги рангираше европските компании врз основа на растот на приходите помеѓу 2016 и 2019 година.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“