08 Мај, 2024
0.0256

Избори најрано на 5 јули: Ќе има ли политички договор?

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Ќе успеат ли лидерите да договорат датум за избори и ќе ги обноват ли каналите на комуникација за евентуален договор. Со прогласувањето на вонредната состојба до 13 јуни, вчера, впрочем стана невозможно изборите да с еодржат на 21 јуни, но и без договор тие би требало да се одржат на 5 јули ако евентуално вонредната состојба не се продолжува повторно.

Моментно нема услови за избори, но има и доста новозаболени. Претседателот Стево Пендаровски соопштувајќи дека ја продолжува вонредната состојба рече дека Макеоднија не може вечно да биде без функционални институции, а дека според укажувањата од здравствените експерти вирусот нема да престане да постои. 

„Јас веќе реков, и сакам сега да нагласам уште еднаш дека државата не може вечно да биде во вонредна состојба за некако да функционира. Ние ќе мораме да имаме политички институции. Нивно е да решат кога е според нив најдобро да имаме датум за избори, меѓутоа факт е дека короната ќе трае, факт е дека вакцина не е ни најавена дека може да има. Многу држави во светот шпекулираат дека е можно и цела 2021 година да немаме вакцина и се престројуваат во согласност со тие проценки вклучително и политичките процеси ќе треба да доведат до кредибилни и легитимни политички институции, рече Пендаровски.

Рече и дека моментно е прекинат каналот на комуникација меѓу лидерите.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски рече исто така дека избори треба да има час поскоро.

Додаде дека поради тоа што нема функционален парламент институциите мора да преземат одговорност и во делот на одржување на парламентарните избори и на тој начин да се стават во полн демократски капацитет сите институции со Собрание, нова политичка Влада, која што понатаму ќе ги преземе сите активности за справување со здравствениот аспект на кризата, како и со економските последици.

„Сите анализи на нашите експерти и на Светската здравствена организација велат дека ова ќе трае, може да добива на интензитет на есен или во текот на зимата, и затоа ние не смееме државата да ја оставиме без институции кои што ќе функционираат во полн капацитет. Тоа е неодговорно кон граѓаните, кон здравјето на граѓаните, тоа нема да биде одговорно ниту пред економијата, и затоа ова е нешто како неминовност што треба да го преземат сите институции. Апелирам до граѓаните уште еднаш да ги почитуваме сите мерки и препораки, рече Спасовски.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата е подготвена за избори во кое било време, но дек апоради то ашто има раст на бројот на заболени за избори сега не треба да се зборува.

Додаде дека мора да научиме да живееме со овој вирус, но, како што рече, кога на дневна основа ќе имаме само по неколку заразени и без смртни случаи. Тој рече дека ќе стори се, како политичар, граѓанини и професор да се бори и да се справи на најдобар можен начин со оваа пандемија што не зафати.

Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери по вчерашната седница на Советот за безбедност рече дека дополнителните 14 дена вонредна состојба се доволни за лидерите на партиите да постигнат консензус околу одржувањето на парламентарните избори. 

„Да седнат и да се договорат. Доколку тоа не се случи, институциите би требало да си ги преземат обврските, рече Џафери.


Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија