02 Мај, 2024
0.0267

Издадени и пуштени во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Народната банка ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Деловен успех и среќа“, „Вештачка интелигенција“ и „Среќен роденден“ („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 181/19).

Кованите пари ги имаат следниве карактеристики:

„Деловен успех и среќа“

На аверсот, во централниот дел на монетата се наоѓа вметнато стакленце на коешто е отпечатена мапа на западната хемисфера и скиптарот на Меркур, коишто се прикажани на основата на дрвено тркало во златна боја. По должината на периметарот е прикажано името на издавачот ‒ Република Северна Македонија. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на нашата земја и годината на издавање на монетата – „2019“, како и апоенот „100 денари“. Сите натписи се на англиски јазик.


На реверсот, во централниот дел од монетата се наоѓа вметнато стакленце на коешто е отпечатена мапа на источната хемисфера. Над вметнатото стакленце се прикажани слики од ракување, старовремска локомотива и брод. На левата страна од реверсот е прикажан Меркур со скиптарот, а на десната страна ‒ слика на Фортуна која држи рог на изобилството. Под вметнатото стакленце се прикажани сидро и два запченика, а над нив натписот „Ag925“. На долниот дел од периметарот на англиски јазик е испишано: „Деловен успех и среќа“.

„Вештачка интелигенција“

На аверсот, во централниот дел на кованата пара е претставена слика на дигитален уред за оптичко препознавање со вградени сензори на мрежницата и информациски канали коишто се оддалечуваат во форма на мрежа со контактни јазли. Во горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на нашата земја, а по должината на периметарот е испишано „Република Северна Македонија“. На долниот дел се прикажани натписите: „100 денари“ и „2019“ ‒ годината на издавање. Сите натписи се на англиски јазик.


На реверсот, во централниот дел од кованата пара е прикажана вештачка интелигенција во вид на кристал и струјно коло во вид на човечки мозок од кој се шири мрежа на сензори што го опкружуваат светот. Во горниот дел од кованата пара е прикажана слика на ракување како симбол на тесната соработка на човештвото со вештачката интелигенција. На горната лева страна е прикажана ознаката „Ag925“. По должината на периметарот е прикажан натписот на англиски јазик: „Вештачка интелигенција“.

„Среќен роденден“


На аверсот, во централниот дел на кованата пара е прикажана кошница полна со подароци и грбот на нашата земја. На долниот дел се прикажани натписите: „100 денари“ и „Република Северна Македонија“. На десната страна е прикажана годината на издавање ‒ „2019“ . Сите натписи се на англиски јазик.

На реверсот, во централниот дел на кованата пара е прикажано насмеано бебе коешто носи капа и држи пелена во својата рака. По должината на периметарот на кованата пара е прикажан украс во вид на рачка на кошница. На долниот дел од кованата пара се претставени цвеќиња. Натпис на англиски јазик: „Среќен роденден“. На левата страна е прикажана ознаката „Ag925“. 

Цената на кованата пара „Деловен успех и среќа“ изнесува 3.000,00 денари, на кованата пара „Вештачка интелигенција“ изнесува 3.200,00 денари, а на кованата пара „Среќен роденден“ изнесува 4.000,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Северна Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка во делот Ковани пари за колекционерски цели


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?