Изгласани комисиите, создадени се условите за ефикасна работа на Собранието
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2020
Собранието со 98 гласа „за“ ја усвои предлог – одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите од законодавниот дом, со што се создадоа услови тој да започне да работи ефикасно и за да носи законски решнија и негови измени.
По нивниот избор, пратениците од следната седница ќе можат да усвојуваат закони и да донесуваат одлуки, по повеќе од еден месец потребен за распределбата на комисиите. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат со по осум собраниски комисии, ДУИ со три, додека Беса, Алијанса за Албанците и Алтернатива со по една.
Понатаму според агендата пред пратениците треба да се најдат измените на законите за основно и за средно образование, како и петте одлуки за прогласување на вонредна состојба од претседателот Стево Пендаровски, за чие потврдување се потребни 80 гласа.
Од денеска или утре треба да се гласа и за замениците-министри во Владата