Изјаснувањето заврши, Заев подготвува изјава за 19.30
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2018
Затворени се избирачките места, изјаснувањето за референдумот заврши точно во 19 часот. Референдумоското прашање беше „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.
Според последните податоци што ги објави Државната изборна комисија (ДИК), одѕивот до
18:30 часот беше 34,09 проценти. Премиерот Зоран Заев најави дека ќе даде изјава во 19.30 часот.