Излетничките места, парковите и шумите се затвораат уште денеска
Објавено во: Македонија 16 Април, 2020
Сите паркови, излетнички места, викенд населби, насионалните паркови и шумите се затвораат уште од денеска за граѓаните. Забраната за движење, која ја донесе Владата ќе важи до вторник до 05.00 часот.
Овие локации, кои се места за рекреација на граѓаните, овојпат ќе бидат под строга контрола на Министерството за внатрешни работи.
Оваа најдрастична мерка до сега Владата ја донесе со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во земјава, и особено да се стави под стога контрола движењето на граѓаните за време на претстојниот празник.