fake panerai watches Измените кај економските мерки се добри за бизнисот, но остануваат отворени важни прашања за иднината
02 Мај, 2024
0.0268

Измените кај економските мерки се добри за бизнисот, но остануваат отворени важни прашања за иднината

Објавено во: Економија 30 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Најновите измени што Владата ги направи кај економските мерки носат можности за приватниот сектор за да може тој полесно да се справи со последиците од економската криза, наведуваат од Стопанската комора. Добро е што се предвидува вбризгување на значителен износ на свежи пари во економијата, се отвораат можности за комбинирање на различни мерки заради поголема помош на фирмите, се отвораат можности за претворање на помошта во неповратни средства, итн. Но, ова е добар момент да истакнеме неколку работи. 

Прво, има значителни реакции во однос на флексибилноста околу тоа колку вработени треба фирмите да задржат на работа за да ги користат мерките. Треба сите да разбереме дека никој во приватниот сектор не сака да отпушта вработени. До пред неколку месеци фирмите се жалеа дека не можат да најдат работници, а во тие што ги вработија инвестираа значителни средства за да ги преквалификуваат и обучат соодветно за да можат да ги вклучат во процесот на производство. Значи, секоја фирма што има можност, сака да ги задржи вработените, инвестирала во нив, во нивната обука, итн.

Притоа, не смееме да ја игнорираме реалноста. Во моментов, целата светска економија е разнишана. Во САД дури 30 милиони луѓе останаа без работа за само шест недели. Светската организација на трудот проценува дека 12 милиони луѓе во Европа ќе останат без работа во текот на 2020 година и тоа зборуваме само за вработени со полно работно време. Во март продажбата на автомобили во Европа е намалена за 52%, тоа е најголемиот месечен пад во историјата, во април падот е уште поголем. Во вакви околности, во ваква драматична глобална криза, да се очекува дека македонската економија ќе си помине како ништо да не било, е нереално. Па сепак, ние не видовме досега вакви лоши движења на пазарот на работна сила во земјава. Досега, приватниот сектор, во рамките на своите можности, го апсорбираше ударот од кризата.

Второ, и понатаму останува отворено прашањето за помошта кон големите компании, оние што можат најсилно и најбрзо да ја повлечат македонската економија кога животот донекаде ќе се нормализира. Да не заборавиме, компании гиганти како што се „Форд“, „Боинг“, „Ербас“, „Луфтханса“ бараат помош од државата. Нема решенија што се добри за сите, треба да се оди и со диференцирани решенија за различни видови компании. 

Трето, постојнава економска криза многу добро покажува зошто е исклучително важно во една земја да има функционален разговор и договор помеѓу социјалните партнери, Владата, синдикатите и работодавачите. Уште на 20 март, Стопанската комора на Македонија посочи дека сите ќе бидат погодени од кризата, повеќе или помалку, порано или подоцна, посочи дека државата треба на краток рок да го спасува приватниот сектор, а потоа приватниот сектор да ја спасува државата и посочи дека товарот од кризата треба сите подеднакво да го понесеме. Еве сме сега, 40 дена подоцна, целиот товар од кризата е паднат само на грбот на приватниот сектор и тоа е факт. Затоа е важно да се обнови економско-социјалниот дијалог во земјата и тоа на највисоко ниво, каде што Владата ќе ја претставува премиерот, а ќе бидат вклучени синдикатите и претставници на работодавачите. Само така може да се дизајнираат добри и долгорочно одржливи решенија што ќе обезбедат подобра економска иднина на земјата. 

Четврто, очигледно е дека економските мерки се дарежливи толку колку што има расположливи финансиски средства за поддршка на приватниот сектор, народски кажано, колку што е долга чергата толку е голема и помошта. Сега е добар момент да се запрашаме зошто е толкава чергата, што правеше оваа наша македонска држава низ годините и децениите наназад за да биде толкава чергата? И уште поважното прашање е: што можеме да направиме за да ги промениме работите после кризата?

Оваа криза е одлична можност, сите заедно, да отвориме суштински важни теми, не само за економијата, туку и за други аспекти на македонското општество. Прашањето не е сако како ќе ја пребродиме кризата, туку и што ќе правиме после неа?   

Стопанска комора

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?