06 Мај, 2024
0.0240

Изненадувачки работи кои го скратуваат животниот век

Објавено во: Стил 03 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Долговечноста во комбинација со добро здравје е нешто што секој би сакал да постигне. Но често желбата не е придружена со здрав начин на живот. Покрај нездравата исхрана, честата употреба на алкохол и цигари има и голем број на други фактори кои го скратуваат траењето на животот. Ги споделуваме со вас некои од нив, кои не се за занемарување. Живеете сами За да бидат луѓето среќни, тие имаат потреба од интеракција, од љубов во својот живот. Несподелувањето на интимност, љубов и време со луѓето, не само што не го ограничува нивото на стрес, но ја ограничува радоста, среќата и може да го намали времетраењето на животот. Продолжено спиење Сонот е важен за добро здравје и убавина. Но долготрајните часови спиење (повеќе од 8) можат да имаат негативен ефект врз вашето здравје. Според голем број на студии, долгото спиење може да го зголеми ризикот од дебелеење, дијабетес, срцеви проблеми, главоболка, депресија. Немате често секс Сексот е здравје! Редовниот секс не само што ја подобрува нашата самодоверба и позитивен став, но помага при согорувањето на калории, го намалува крвниот притисок, го стимулира имунолошкиот систем. Докажано е дека луѓето кои имаат редовна полова активност живеат со до 8 години подолго од оние кои практикуваат ретко секс. Седите подолго време Работите на биро и морале да седите барем по 8 часа на ден и ретко правите паузи? Според студија на JAMA Internal Medicine, долготрајното седење го зголемува ризикот од смрт за наредните три години со до 40%. Ова е една добра причина почесто да правите паузи во кои ќе си организирате кратки прошетки. Недостаток на социјален живот Игнорирање на вашите пријатели и блиски и затворањето во себе може значително да го влоши вашиот живот. Според научниците долготрајната осаменост може да ги има истите негативни последици за здравјето колку и ако пушите по 15 цигари на ден.