02 Мај, 2024
0.0280

Јачева Улчар до Заев: На овој гладен, ограбен и осиромашен народ, му го одземавте она што му остана

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Професорката Eлка Јачева Улчар  вечерва на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата изјави дека татковината е земја која те храни и кога немаш пари во џебот. 

Оваа порака му ја упати на премиерот Зоран Заев и рече дека тој се одважил да го смени името на државата. 

„И тебе другар Заев, ни еден меѓународен договор не ти дал право да располагаш со неа и народот во неа“, рече таа. 

Вели дека историјата ќе го запише како единствен политичар кој тргувал со сопствениот народ, држава и јазик за тужи бели дворови. 

„На овој гладен, ограбен и осиромашен народ, му го одземавте она што му остана, достоинството, честа и гордоста. Во овие три и пол години го натеравте овој народ да го шепоти името „Македонија“ и да го крие под синтагмата „нашата“ или „вашата“ земја“, вели Јачева Улчар. 

Изјави дека му пишала писмо да ги запрат преговорите со соседот.  Таа му порача дека Заев не е тој кој ќе каже кој бил фашист, туку тоа го кажале веќе историчарите. Професорката му порача дека тој не може да прави упад во македонскиот јазик. Таа рече дека оној кој ќе модификува јазикот е осуден на пропаст. 

„Оние што ве гласале, ве гласале за да донесете правда во Македонија“, вели професорката. 

На Заев му порача да се повлече, затоа што ништо од ветеното не исполнил. 

Протестот е за црвените линии и заштитата на идентитетот. 

Овој протест се одржува по интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, кое поттикна реакции во земјава и регионот. 

Можеби ќе ве интересира

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана