Јанева: Јас не сум маша никому, затоа се гордеам со автономноста
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2017
Јас не сум маша никому, затоа се гордеам со автономноста, изјави специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во интервју за Телма.
Tаа вели дека имаат стотина предистражни постапки, но некои ќе бидат затворени заради немање на докази.
„Во однос на некои шпекулации во јавноста дали сме се спогодиле или има некој дил, јас можам да кажам кај мене немало таква работа. Јас не сум маша никому, затоа се гордеам со автономноста и сакам да ја задржам“ - вели Јанева.
Таа зборуваше дека со закон мора да им се пружи заштита на заштитените сведоци.