29 Април, 2024
0.0307

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да го признае овој неуставен закон и некој ќе одговара за ова

Објавено во: Македонија 16 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција изјави дека СДСМ ја погази демократијата, Уставот и законите, само за да изгласа закон кој ќе им овозможи да останат на власт без разлика што при пазарењето за зачувување на коалицијата. 

ВМРО-ДПМНЕ не го признава и нема никогаш да го признае овој неуставен закон. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш истакнува дека некој ќе одговара за ова што го стори, нагласи Јанушев

„СДСМ и ДУИ ги прекршија членовите 67 и 75 од Уставот на Република Македонија кои велат дека првиот човек на Собранието мора да се грижи за правилна примена на деловникот, додека членот 75 предвидува во случај на непотпишување на указот, законот да биде повторно разгледан од пратениците“ - вели Јанушев.

Тој наведе дека ништо од ова не се случило. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека ова што го направиле СДСМ и ДУИ е силување на демократијата, покажување брутална моќ и сила. 

„Она што го направија СДСМ и ДУИ е потценување на интелигенцијата на македонскиот народ! Владејачкото мнозинство покажа дека на Собранието гледа како на гласачка машина, која безпоговорно треба да ги гласа законите кои ќе бидат сервирани. СДСМ ја обезвредни улогата на Собранието и го поништи уставното право на пратениците, со амандмани да интервенираат во законските предлози. Власта ги игнорираше укажувањата на претседателот на државата за неуставноста на законот, власта ги игнорираше укажувањата на експертите, политичките чинители и општата јавност на Република Македонија. Партијата која од опозиција ветуваше дебата на секое прашање сега на сила и на крајно игнорантски оневозможи било каков вид на дебата и на сила се обиде да истурка еден штетен, неприменлив и неуставен закон, кој дополнително ќе ги продлабочи разликите во нашето општество“ - вели тој.

Јанушев додаде дека владејачкото мнозинство ја загрози евроатлантската иднина на оваа држава.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце