Добивај вести на Viber
Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава, за периодот од април до јуни 2012 година. Констатирани се, меѓу другите, следниве наоди:
- Најголеми проблеми со кои се соочуваат во јавните набавки, според анкетата на фирмите, се доцнењето на институциите со исплата на реализираните набавки, фаворизирачките и нејасни тендерски документации, како и нереално поставените и тешко остварливи критериуми за учество на фирмите на тендерите.
- Евидентирани се низа слабости во изборот на елементите според кои државните институции ги евалуираат добиените понуди од фирмите. Фокусот, меѓу другото, наместо на понудите се става на понудувачите со што се загрозува основната цел на тендерите – за потрошените буџетски пари да се добие најдобрата вредност.
- Поништувањето на постапките за јавни набавки повторно е во подем. Во мониторираниот примерок од овој квартал поништени се 30% од постапките за јавни набавки.
- Иако најавена, законски задолжителната е-аукција не била одржана во 45% од мониторираните постапки. Извештајот од мониторингот во кој, покрај наодите и препораките за надминување на констатираните слабости, се содржани и истражување на 220 фирми и анализа на жалбените постапки.
Во јавните набавки на годишно ниво се вртат околу 800 милиони евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.