Јоргос Папандреу со честитки до Зоран Заев: Продолжува целосната интеграција во европското семејство
Објавено во: Балкан 17 Јули, 2020
Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу ја поздрави изборната победа на СДСМ и Зоран Заев, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА.
„Вчерашната изборна победа на СДСМ и Зоран Заев на парламентарните избори во Северна Македонија е од особено значење за мирот и стабилноста во нашиот поширок регион“, се вели во изјавата, додавајќи дека граѓаните на Северна Македонија биле наградени со нивниот избор за европската ориентација на земјата наспроти екстремен национализам, но и поради резултатите на владата во борбата против невработеноста и намалување на нееднаквоста.
„Клучно прашање е за владејачката коалиција формирана од СДСМ, решително да ја продолжи напорната работа за целосна интеграција во европското семејство, во ова време на големи предизвици предизвикани од пандемијата“, рече Папандреу.