04 Мај, 2024
0.0375

Јовановски: Како обвинетите од Диво Насеље стигнале до мобилен телефон?

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од власта на Заев како е дозволено Деме Шеху, еден од обвинитите припадници на терористичката група која изведе напад во кумановско Диво Насеље да користи мобилен телефон во затворска ќелија.

- Оттука би сакале да поставиме неколку логички прашања: Како обвинетите од Диво Насеље стигнале до мобилен телефон? Кој им дозволил да ги користат и со која цел? Зошто надлежните молчат за ваквите злоупотреби? Ова се прашања кои македонската јавност заслужува и мора да ги знае. Одговорност за ваквите постапки мора да има. Ова пред се е навреда за секој оној кој се бори за правда и правна држава, а посебно е навреда за сите оние кои ги дадоа своите животи за одбрана на Република Македонија, изјави Јовановски.

Јовановски потенцираше дека е симптиматично е дека Зоран Заев најави амнестија токму по посетата на затворот Идризово каде јавноста можеше да види како се ракува со убицји и луѓе обвинети за тешки дела.

- Инаку, сакаме да ја потсетиме јавноста дека Деме Шеху е еден од уапсените во анти-терористичката акција од 9ти и 10ти мај 2015 година во која загинаа осум македонски бранители, припадници на специјалните сили на МВР, а 37 беа повредени. Ваквото однесување на партизираните кадри на Зоран Заев и СДС мора да престане. Да не се обидуваат во ниту еден момент да ги навредат сите оние кои го дадоа животот за Република Македонија. Граѓаните ги гледаат ваквите штетни политки и затоа на 15-ти октомври ќе бидат најстрого казнети, порача Јовановски.

Јовановски кажа дека казната која ќе ги стаса на локалните избори ќе биде увертира во предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе застанат на патот на оваа расипничка и ненародна власт.


Можеби ќе ве интересира

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска