07 Мај, 2024
0.0217

ЈСП: Сѐ што треба да знаете за електронските картички во автобусите

Објавено во: Стил 15 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Новиот наплатен систем во автобусите во ЈСП стартува од Нова Година.

 Според новите правила, секој патник, без разлика на возраста и правото на бесплатен превоз, задолжително мора да се валидира при секое возење, односно да ја отчука елетронската картичка.

При валидирањето, доколку картичката е исправна, валидаторот ќе сигнализира со зелено светло, а во случај да не е, информацијата ќе ја прикаже на валидаторот и ќе сигнализира црвено светло.

На екранот се појавува и состојбата на средства останати на картичката, за да знаете уште колку возења ви остануваат. Освен тоа, состојбата корисниците ќе можат да ја проверат во билетарниците на ЈСП"Скопје" и на веб страницата за персонализираните картички.

Надополнувањето се прави на 60 продажни места во градот, како и на 3 автомати за издавање и дополнување на картички.

Eлектронските персонализирани картички, граѓаните може да ги извадат во пет центри за персонализација, кои се на локации во Транспортниот центар, Аеродром, Бит-пазар, Порта Влае и ЈСП Турс. Тие се добиваат за 200 денари. Се разликуваат од неперсонализираните по тоа што корисникот треба да ги даде своето име, презиме, адреса на живеење и фотографија, кои ќе бидат видливи на самата картичка.

Неперсонализираните картички, тие ќе може да се купат во сите билетарници, центрите за персонализација и кај мастер-дилерите, а ќе може да се надополнуваат на истите места како и персонализираните картички. Тие се добиваат за 150 денари. Минимален кредит што може да се внесе е 100 денари.