„Јунајтед ерлајнс“ќе ги обнови летовите со „Боинг 787“
Објавено во: Свет 08 Мај, 2013
Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс, соопшти дека очекува на 20 мај да ги обнови летовите на авионите „Боинг 787 Дримлајнер“, пренесоа американските медиуми.
На 27 април „Етиопиан ерлајнс“е првата авиокомпанија во светот што ги обнови летовите со Дримлајнер.
Првиот лет на „Јунајтед ерлајнс“ ќе биде на релацијата Хјустон - Чикаго.
„Боинг“ монтира нов акумулаторски систем на 50-те авиони Дримлајнер, што се сопственост на различни авиопревозници низ светот.