Кацарска: Законот за амнестија е избрзан и двосмислен
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2018
Селективниот закон за амнестија, во кој ќе бидат опфатени поголемиот дел од обвинетите за настаните на "27 април", беше изгласан во Собранието, и ќе стапи во сила веднаш штом ќе биде службено објавен.
Но, не е јасно и прецизирано кои обвинети ќе подлежат под овој закон. Според законот, секој обвинет во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила, ќе треба да поднесе индивидуални барања за амнестија до Судот.
Судот ги донесува одлуките пет дена по приемот на претставките, но обвинителот Вилма Русковска треба да даде мислење однапред.
Судијката Добрила Кацарска, која ја води оваа судска постапка, во телевизиско гостување истакна дека законот има многу двосмислености.
"Ние претходно немавме таков закон. Според мое мислење, делата прво треба да се докажат во практика и постапката мора да биде целосно завршена. Во оваа фаза, ниту еден ваков закон не требаше да биде изготвен и мислам дека беше преранет "- рече Кацарска.