15 Мај, 2024
0.0279

Каде Ајфонот е најевтин а каде најскап?

Објавено во: Стил 02 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Ајфонот го има насекаде во светот. Но има една огромна разлика во различни земји - цената. Износот што ќе го платите, може да се разликува со стотици долари, во зависност од државата каде што го купувате.

Во САД на пример, Епл го продава iPhone 6S за 649 долари во онлајн продавница. Во други земји, кои имаат онлајн продавници на Епл, цената варира од 636.18 долари до 1029.41 долари.

Во Турција е дефинитивно најскап - таму еден iPhone 6s ќе ве чини повеќе од 1.000 долари. Од друга страна, ќе ви излезе поефтино да си го купите во Канада отколку во САД.

Цената на уредот е многу променлива во различни европски земји, иако повеќето од нив имаат заедничка монетарна единица - еврото. Причина? И покрај заедничката валута, земјите имаат различни царини и давачки, кои влијаат на цената.

Смартфонот на Apple се продава за 842.22 долари во Италија, 809.78 во Франција, Шпанија, Белгија и Холандија. Во Луксембург пак цената му е само 783.41 долари.

Оваа променлива цена не е нешто ново за Apple. Компанијата има искуство во понудата на клиенти со свои производи со различни цени, во зависност од тоа во која земја се наоѓаат и како локална валута се однесува во однос на доларот.

Неодамна Apple најави дека ќе ги зголеми цените на производите во 7 земји: Канада, Израел, Мексико, Нов Зеланд, Русија, Сингапур и Јужна Африка.

Петте земји каде iPhone 6S е најевтин:

Канада - 636.18 долари Обединетите Арапски Емирати - 707.64 долари Хонг Конг - 717.52 долари Русија - 730.27 долари Тајван - 731.17 долари

А еве ги и петте земји каде iPhone 6S е најскап:

Чешка - 847.84 долари Унгарија - 858.02 долари Шведска - 873.63 долари Бразил - 973.61 долари Турција - 1029.41 долари