Kаде Борисов го гледа решението на спорот меѓу Македонија и Грција?
Објавено во: Балкан 04 Октомври, 2017
Бугарскиот премиер Бојко Борисов вели дека Грција и Македонија треба да најдат решение за меѓусебниот спор како што тоа го направија Софија и Скопје.
„Треба да се најде решение меѓу двата народа, така како што ние го најдовме, бидејќи Грција ќе ги блокира за НАТО и за ЕУ“- изјави Борисов за „Труд“, одговарајќи на прашање зошто на вчерашната среба на лидерите на Бугарија, Грција, Романија и Србија во Варна, не присуствувал и македонскиот премиер Зоран Заев.
За создавањето на т.н. „Варнанска четворка“, Борисов оценува дека со тоа се потврдува заедничката волја за обединување, европска интеграција и за почитување на европските принципи и правила. Тоа воедно значи и решавање на прашањата кои се важни за Балканот, додава Борисов.
Неодамна на средба со грчкиот колега, Алексис Ципрас Борисов рече дека за него земјата која тие ја викаат БЈРМ е само Македонија, и тој истото го кажал и на Косово и во Србија.