03 Мај, 2024
0.0256

КАДЕ ДА ЛЕТУВАТЕ: Оваа луксузна дестинација станува достапна и за оние со „плиток џеб“

Објавено во: Стил 09 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Одморот за кој отсекогаш сонувавте ве чека можеби токму на оваа локација. Иако за многумина Шпанија е луксузна дестинација, ова лето гламурот и раскошот на бисерот во Европа стануваат достапни и за оние со плиток џеб. Песочни плажи, превкусна храна, топол шпански менталитет и познатата сангрија направила оваа земја да стане трета најпосетена светска дестинација. Шпанија има најголем број сончеви часови во Европа, па не е чудо што секоја година привлекува се поголем број на туристи. Она што е посебно атрактивно кога се работи за Шанија, иако се работи за држава која во добар дел функционира благодарение на големиот број туристим е факт дека и покрај огромниот број на хотели, туристи, уредени плажи, и понатаму може да најдете место на кое е тивко, мирно, а природата недопрена. Лорет де Мар ljoret Лорет де Мар, што во превод значи „свет на морето“, ја краст кристално чистите плажи, а далеку е позната по гостопримливите домаќини. Она што му дава посебен шарм на ова летувалиште е фактот дека летните температури се околу 30-35 степени и дека нема неподносливо спарно време-напротив овде се ужива на сонцето и тоа без чуство дека се топите, а хотелите и други додатоци на понудата која ја најдовме погледнете ги овде. Lloret de Mar - Spain Калелја kalelja Калелја е каталонски бисер, а посебно е примамлив поради близината на Барселона, што овозможува од својот одмор да направите баланс помеѓу уживање во мирот на плажа и брзината на овој за многумина најубав град на светот. Калеја е позната по разновидниот ноќен живот и динамична забава, па е идеално место и за младите кои од својот одмор очекуваат врвна забава. Санта Сузана santa suzana Ова летувалиште е познато по стариот шарм на Шпанија, тесни улички, камени градби, топла атмосфера и стари градби кои се вистинска туристичка атракција. Посебно е атрактивен националниот парк Монтенегро, кој е вистински рај за сите љубители на природата, но и за оние кои уживаат во спортовите на отворено. sta-susanna-platja-02