03 Мај, 2024
0.0321

Како безбедно да отпатувате на одмор со сопствено возило

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Без разлика дали патувате  преку ден или во текот на ноќта, од клучно значење е да бидете добро одморени.

Плановите за одмор се при крај и со нетрпение сите го очекуваат летниот одмор поминат на некоја плажа со најблиските. Оние кои се подготвуваат да заминат на одмор сигурно веќе пресметале дека е поевтино да летуваат во сопствена режија, отколку преку агенција која би го организирала патувањето.

Доколку имате одлучено да патувате со автомобил, сигурно сте размислувале и за тоа кога е најдобро време да се тргне на долго патување, дали преку ден или во текот на ноќта, а во продолжение  РСБСП  ќе се обиде да укаже на недостатоците и предностите на денското и ноќното патување.

Возење преку ден

Најголемата предност на управување на возилото на долги патувања во текот на денот е тоа што видливоста е многу поголема, полесно и порано се видливи  и полесно се перципираат  сите елементи кои влијаат на безбедноста во сообраќајот, полесно се идентификуваат потенцијалните закани, пречки и можните  опасни ситуации во сообраќајот.

Сите бензински станици, аптеки и продавници работат, а и многу полесно пристигнува  службата за помош, доколку се најдете во неволја или автомобилот е во дефект.Возење во текот на денот е  особено погодно за луѓето кои користат  диоптерски леќи или очила.

Сепак покрај предностите, како најголема пречка  за возење преку ден се смета зголемениот интензитет на сообраќај. Најголемата разлика во однос на ноќното возење е што во текот на денот возачите често ги пресретнуваат големи товарни камиони и машини кои се бавни и кои зад себе создаваат колони.

Исто така, во текот на денот поголеми се и гужвите на бензинските станици,  наплатните рампи за патарина и на  граничните премини. Се вози по исклучително високи температури, а секое подолго чекање во колона значи подолго и поголемо изложување на сонце, а тоа најтешко го поднесуваат најмладите патници, особено доколку во возилото нема клима, иако тоа веќе и не е честа појава.

РСБСП апелира до возачите:  Бидете внимателни,  надворешната и внатрешната температура во возилото да не биде поголема од седум степени, а исто така правете и чести паузи. Најдобар совет е да се тргне на пат  тогаш  кога возачот ќе биде добро одморен.

Ноќно возење

Најголемата предност која ја има возењето во текот на ноќта е помалиот интензитет на сообраќајот, како и фактот дека нема метеж на граничните премини, патарините и бензинските станици. Статистичките податоци покажуваат дека во текот на ноќта се случуваат и помалку сообраќајни несреќи но, доколку се случи тие се со катастрофални последици. Температурите во ноќта се значително намалени, а со тоа и возењето е попријатно. Доколку на патиштата има застој, чекањето е многу полесно заради пријатните температури, а исто така ноќта е период кога најмалите спијат, па возачот има мир и концентрација.

Но една од најзначајните маaни во ноќното возење е тоа што видливоста на патот е значително намалена, па многу тешко може навремено да се идентификуваат заканите и препреките на патот. Лицата кои имаат послаб вид, не би требало да да возат навечер. За време на ноќното возење често се случува возачот да почувствува криза за спиење и веднаш треба да застане за да одмори, а тоа најчесто се случува во периодот помеѓу четири и шест часот наутро.

Имајте безбедно и пријатно патување. Организирајте го патувањето спрема вашите лични афинитети и секогаш патувајте одморени. РСБСП Ви посакува безбедно патување!


Можеби ќе ве интересира

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април