07 Мај, 2024
0.0244

Како да го користите кромидот во постапките за убавина?

Објавено во: Стил 22 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Зеленчуците имаат многу корисни својства за организмот.

Тие помагаат и за здравјето на косата. Кромид во овој поглед е исклучително корисен за косата. Тој ја подобрува цврстината и придонесува за подобар сјај како на права, така и на кадрава коса.

Кромидот е богат со сулфур, кој пак го стимулира растот на косата, бидејќи го подобрува протокот на крв во скалпот.

Антибактериските својства на кромидот помагаат за третманот на првут и други инфекции на скалпот.

Кромид помага и на кожата.

Сокот од кромид го стимулира производството на колаген, кој е од суштинско значење за еластичноста и младоста на кожата. Тој учествува и во изградбата на здравите и еластични влакна. Така косата станува густа и здрава.

Како да се користи кромидот за здравјето и убавината на косата?

Сок од кромид

Земете две половини кромид и сосецкајте ги на ленти. Можете да користите и кујнска машина да ги сосецкате. Користете цедилка, за да го извлечете само сокот од кромидот. Можете да го исцедите со прсти или како ви е поудобно. Масирајте неколку минути. Потоа измијте ја косата по 30 минути. Повторете ја постапката 2-3 пати неделно за подобри резултати.

Кромид со маслиново масло

Друг начин за користење на кромидот за убавина и раст на косата е да се измеша со малку маслиново масло. Сечкајте го повторно кромидот во блендер или рачно. Додадете кон него неколку капки маслиново масло. Измешајте ја смесата во блендер за да се добие паста.

Прецедете ја смеса преку цедалка или памучна крпа. Нанесете ја мешавината која се добива конечно врз влажен скалп. Оставете го да отстои 30 минути, додека делува. Измијте ја косата со билен шампон.

Повторувајте ја оваа постапка за стимулирање на растот во текот на два месеци и ќе се убедите како косата ќе почне да расте побрзо, а влакното ќе стане густо и сјајно.

Кромид и мед

Во ¼ чаша сок од кромид, додадете една лажица мед. Пијте ја оваа смеса секој ден, за да го стимулирате растот на косата. Стимулацијата е важна како однадвор, така и од внатре.

Добрата работа на оваа мешавина е дека може да се нанесува и врз косата како маска.

Што ако мирисот не се отстранува од косата

Во случај да не можете да го поднесувате мирисот од кромидот во косата, пробајте го овој алтернативен метод: Потопете еден ситно сецкан кромид во чаша рум и исцедете ја смесата. Применете директно на скалпот, за да го стимулира растот на косата. Измијте ја косата со билен  шампон. Ако мирисот на кромид продолжува да се чувствува во косата, нанесете малку јаболков оцет на неа. Потоа исплакнете со чиста вода.