07 Декември, 2025
0.0288

Како да ја повратите енергијата во текот на зимските денови?

Објавено во: Стил 12 Јануари, 2015 18:24

Добивај вести на Viber

Се чуствувате изморени и изцрпени? Нерасположени сте и со задоволство би останале дома по цел ден?

Ништо чудно, тврдат експерти, посебно во студените зимски месеци кога нема доволно сончева светлина, а на пазар нема намирници богати со витамини. Сепак, има начини да ја повратите енергијата ...

Шетајте

Иако тоа е последната работа која сакате да ја направите кога сте изморени, а надвор е минус, натерајте се себе си да се придвижите. Само неколку минути шетање на свеж воздух може да направи чудо, ќе бидете порасположени, посвежи и поодморени.

Пијте чај

Шолја чај, четири пати дневно, го намалува нивото на хормонот на стрес во вашето тело, покажуваат истражувања. Затоа изберете чај, наместо кафе.

Топло-ладно туширање

Доколку не можете да замислите во зима да се разладувате на овој начин, туширајте се со разладена вода, а не со врела.

Мирисајте портокал и лимон

Доволно е да го помириснете ова овошје богато со витамин Ц, па вашите сетила ќе се покренат, а енергијата ќе се подигне.

Акупресура

Притиснете ја точката помеѓу палецот и показалецот и држете така неколку минути, да го санирате заморот и нерасположението. Овој вид на алтернативен вид лекување долго се користел за лекување на мигрена, стрес и напнатост.

Секс

Научно е докажано дека размена на нежности и водење љубов го ревитализира и покренува расположението.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: