04 Мај, 2024
0.0256

КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ЛАЖЕН ОГЛАС: Што е вистинска работа од дома, а што е измама?

Објавено во: Стил 08 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Една од најчестите дилеми кои се јавува со било кој оглас во врска со работа од дома е: Како да најдам вистинска работа од дома?

Клучот е во зборот „вистинска“. Додека има многу сомнителни луѓе кои на интернет ви ветуваат илјадници долари месечно за полнење пликоа или неодредена работа на лаптоп, шансите за вистинска работа од дома не се баш така експлицитни.

Добрата вест е дека ако знаете што барате, можеби ќе најдете добра работа која можете целосно или воглавно да ја извршувате од дома.

Најпрво, доколку огласот звучи премногу добро за да биде вистински, сигурно се работи за измама.

Исто така, читајте ги сите „понуди“ кои ги добивате многу внимателно. Една кандидатка добила така многу детална работна понуда од работодавачот. Единствен проблем било што воопшто не конкурирала за таа работа. Наводниот работодавач во формуларот, меѓу останатото, барал и број од тековна сметка, како би можел да и плати за работата. Секако, тоа било измама, но ако е премногу добро напишано, тоа некогаш тешко може да се препознае.

ДОКОЛКУ СПИСОКОТ ВКЛУЧУВА БИЛО ШТО ОД СЛЕДНОТО, ТОА НАЈВЕРОЈАТНО Е ИЗМАМА:

-Многу пари за не многу работа

-Ако е со скратено работно време, но цела плата, или сигурен пат до богатство, или целосно по ваш распоред, но гарантирано со заработка која е поголема од платата кај корпоративен адвокат кој работи 80 часа неделно-тоа е измама. Во животот не постои пречка до богатство.

-Барање за банкарска сметка. Никогаш, ама никогаш не давајте информации за тоа. Тие не се обидуваат да ве исплатат однапред туку да ја „испразнат“ вашата сметка.

-Почетна инвестиција. Вистинските работи од дома нема да бараат од вас да купите алат, да одите на обука или почетен пакет од било што. Тоа се одлуки на пирамидална шема во најлош случај или мрежен маркетинг во најдобар случај. Овој другиот, иако не мора да биде измама, ветува пари ако пријавите повеќе луѓе да ги продаваат производите. Тоа во суштина е покренување на бизнис, но не и добивање на работа.

-Се што му е полесно на робот да го направи отколку на човек. Ниту една компанија во 21 век нема да и плати на личност да ги наполни пликоата кога имаат поштенски машини кои може да работат дел од тие трошкови.