Како да се справите со прекумерното потење и непријатниот мирис?
Објавено во: Стил 22 Јуни, 2015
Иако потењето и исфрлањето на бактериите на некој начин се здрави, тоа дефинитивно е нај непријатниот мирис и дамките по блузата не се пожелни.
Затоа ќе ви понудиме неколку совети како да се справите со непријатните ефекти од потењето.
При обилно потење на целото тело:
- Користете антибактериски сапун, кога се туширате. Тој ќе ја намали количината на бактерии на кожата и ќе го редуцира непријатниот мирис.
- По капењето избрише се убаво со крпата, обрнете посебно внимание на препоните и област на пазувите. Бактериите се размножуваат многу потешко на сува кожа.
- Често менувајте ја облека и користете природни материјали, кои ќе придонесат за намалување на непријатниот мирис.
- Не претерувајте со јадењето пиперки и лута храна, бидејќи тие го стимулираат потењето. Мирисот на лук пак се задржува до два дена во организмот, за непријатна миризба придонесува и јадењето црвено месо.
Потење во областа на пазувите:
- Многу е важно да се отстранува навремено водата во областа на пазувите, бидејќи апсорбира бактерии.
- По секое капење нанесете антиперспирант
- Кога сте испотени, но немате можност да се истуширате, користете влажни марамчиња за тело, а потоа исушете се.
- Стресот придонесува за зголемување на потењето. Единствено решение е да си обезбедите одмор и доволно спиење. Како прилог, убаво е да лежите на грб, бидејќи така се намалува потењето.
Ако имате сериозни проблеми со потењето на нозете, следете ги овие совети:
- Пред да ги облечете чевлите, измијте ги нозете и исушете ги добро особено помеѓу прстите. Нозете на детето може да биде напудрени и со бебешка пудра која ќе ја апсорбира потта во текот на денот.
- Не носете исти чевли два дена по ред, бидејќи е потребно да бидат оставени да се проветрат, и да се избегне непријатниот мирис.
- Мијте ги нозете секој ден со ладен црн чај, кој е многу погоден за борба со бактериите.
- Не носете чевлите на боса нога, бидејќи чевлите се полни со бактерии кои го предизвикуваат потењето.