02 Мај, 2024
0.0251

Како добивката на „УНИ Банка“ порасна за 63 отсто ?

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Нето приходот од камати пораснал за 70 милиони денари во однос на лани, а нето приходот од надоместоци за 6 милиони денари. Заработката по акција за првите девет месеци е 465 денари. Со крајот на третиот квартал може да се заклучи дека трите мали банки имаат значајно подобри резултати од аспект на обемот и пазарното учество од четирите големи банки, сите чии акции котираат на берзата.

„УНИ Банка“ има втор најголем раст на добивка (процентуално) за првите девет месеци годинава во конкуренција на банките чии акции котираат на берзата, покажуваат нејзините резултати за периодот јануари – септември.  „УНИ Банка“ за првите девет месеци има добивка од 190,2 милиони денари односно 3,08 милиони евра. Во споредба со истиот период лани добивката на „УНИ Банка“ е за 73,4 милиони денари повисока односно за 63 отсто! На пример во споредба со неколку пати поголемата „Комерцијална банка“ , добивката на „УНИ Банка“ е речиси двојно поголема и во апсолутни бројки! Добивката по акција за првите девет месеци изнесува 465 денари и е повисока за 189 денари во однос на профитот по акција во истиот период лани. Во однос на последната пазарна цена, доколку се додели овој износ како дивиденда, би дал принос од инвестиција од 25 отсто.

Како добивката на УНИ Банка порасна за 1,2 милиони евра?

Банката книжи растови во двете приходи категории кои се најважни. Прво, најголемата приходна ставка – каматите на нето основа се повисоки за 70 милиони денари во споредба со истиот период лани и достигнале 486,2 милиони денари до крајот на септември годинава. Тие се резултат на следниве две работи: приходите од камати пораснале за 50 милиони денари, а истовремено расходите за камати на банката се намалени за 20 милиони денари во однос на лани. Второ, втората по големина приходна ставка – надоместоците и провизиите пораснале за 6 милиони денари на нето основа, што значи дека банката го зголемила обемот на деловни операции или зголемила ставки за услуги на својот тарифник за услуги.

Овие две активности се генераторот на растот на добивката во споредба со лани.
Значајно е да се истакне дека за првите девет месеци банката книжи резервации на износ од 26 милиони денари што е за 24,2 милиони денари повеќе од лани. Наспроти растот за резервациите се намалуваат драстично расходите за оштетување нефинансиски средства. Годинава тие се 4,2 милиони денари и се речиси седум пати помали од истиот период лани кога изнесувале 27 милиони денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?