02 Мај, 2024
0.0383

Како „Фершпед“ за еден квартал ја удвои добивката?

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Третиот квартал компанијата успеа да ја удвои добивката во споредба со првите шест месеци и да стигне до ниво како што беше во септември лани. Значајно за акционерите е тоа што „Фершпед“ во континуитет ги крати финансиските расходиа ги зголемува и приходите од основната дејност

„Фершпед“ вотретиот квартал годинава ја дуплираше добивката од своето работење, покажуваат официјалните податоци од неконсолидираниот биланс на успех за првите девет месеци годинава. До крај на септември добивката изнесува 53,4 милиони денари, а за првите шест месеци изнесува 26,6 милиони денари што значи дека во периодот јули-септември пораснала за 26,8 милиони денари. Значајно влијание врз растот на добивката има намалувањето на финансиските расходи на „Фершпед“ во споредба со истиот период лани.

Приходот и расходот растат рака под рака

Приходот од продажба на „Фершпед“ за првите девет месеци е 2,31 милијарди денари и во споредба со крајот на јуни годинава приходот од продажба пораснал за 790 милиони денари. Доминантно во приходите е учеството на реализација на домашниот пазар. Таа изнесува 2,18 милијарди денари и пораснала за 760 милиони денари во однос на крајот на јуни. Во споредба со септември лани приходите од продажба на „Фершпед“ пораснале за 8 отсто односно за 175 милиони денари. Значаен прогрес „Фершпед“ направил на странски пазари. Тој приход иако е многу помал од домашниот (во апсолутни бројки) сепак покажува значајна тенденција. Од услугите кои ги продава надвор „Фершпед“ инкасирал 2,17 милиони евра, а лани по истиот основ книжел 1,27 милиони евра.Оперативните расходи на „Фершпед“ за првите девет месеци изнесуваат 2,26 милијарди денари и во споредба со истиот период лани се повисоки за 132 милиони денари. Како и секогаш клучна расходна ставка на „Фершпед“ е таа за услуги со карактер на материјални трошоци која изнесува 1,553 милијарди денари и во однос на лани е поголема за еден милион евра. Најголемо кастрење на трошоците „Фершпед“ има кај ставката останати трошоци од работењето каде намалувањето е 14 милиони денари, а кај трошокот за вработени намалувањето е 6 милиони денари. Оперативната добивка е еден милион евра и бележи раст од 8 отсто во споредба со истиот период лани.

Финансиските расходи стопени

Веројатно најзначајна вест за акционерите на „Фершпед“ се финансиските расходи кои за првите 9 месеци годинава се на ниво од 11 милиони денари, а во споредба со лани се помали за 14 милиони денари односно се само 44 отсто од тоа што биле во истиот период лани. Оваа тенденција е добра основа за консолидација на „Фершпед“ која трае подолг период во кој компанијата е фокусирана на кратење на финансиските расходи. Интересно е тоа што во третиот квартал годинава тие се 3,4 милиони денари што е значително пониско ниво од просекот по квартал за првите две тромесечја кој изнесува 3,8 милиони денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање