02 Мај, 2024
0.0267

Како изработи „Уни банка“ ?

Објавено во: Економија 03 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

„Уни банка“ силно конкурира на кредитниот пазар. За шест месеци го зголемила кредитирањето за 30 милиони евра односно за 16 отсто повеќе споредено со крајот на 2017 година

„Уни банка“ оствари добивка од 2 милиони евра за половина година и тоа е резултат што е за нијанса подобар од истиот период лани кога добивката беше пониска за 32.400 евра. Најзначајно да се истакне е тоа што „Уни банка“ е во кредитна офанзива затоа што за период од шест месеци го има зголемено кредитирањето за речиси 30 милиони евра од износ од 208,4 милиони евра. 

Банката бележи раст на нето приходите од камати и од провизии, а расте и депозитната база.

Колку пораснаа нето приходите од најважните дејности?

Нето приходите од камати за половина година достигнаа 5,8 милиони евра и во споредба со истиот период лани се поголеми за 701.750 евра што е раст за солидни 13,7 отсто. Солиден раст банката остварила и од нето приходите од провизии. Тие достигнале ниво од 1,25 милиони евра и бележат раст во однос на истиот период лани од 203.600 евра. Останатите приходи на банката изнесуваат 245.000 евра и се на исто ниво од лани.

Заради зголемените кредитирања зголемени се и резервациите на банката. Тие за крај на јуни достигнаа ниво од 730.000 евра и во споредба со истиот период лани се поголеми за 500.000 евра. Расте и другата важна расходна ставка, а тоа е трошокот т.е. загубата заради оштетување на нефинасиски средства. Тие изнесуваат 217.600 евра на крај на јуни годинава, а во истиот период лани биле 150.000 евра помали.

Експлодира кредитирањето

Врвен приоритет на менаџментот на „УНИ Банка“ е зголемување на пазарната позиција. Тоа се гледа преку растот на кредитирањето. Во спореба со крајот на 2017 година кредитите се зголемени за 29,7 милиони евра и достигнаа 208,4 милиони евра на крајот на јуни годинава. Тоа е многу значаен индикатор за политиката на компанијата и треба да ги радува сите акционери на банката. Паралелно со растот на кредитирањето знајачно пораснала и депозитната база на банката. Нивото на депозити на крај на декември лани било околу 204 милиони евра, а на крајот на јуни достигнало 231,3 милиони евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?