04 Мај, 2024
0.0245

КАКО МУ УСПЕАЛО: За 40 години само 70 луѓе ја напуштиле компанијата на овој милијардер…

Објавено во: Стил 01 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Во неодамнешното интервју милијардерот Џон Пол ДеЖори (John Paul DeJoria) открил интересна статистика. Откога ја основал  „John Paul Mitchell Systems“ пред речиси четири децении, само, како што вели, 70 луѓе ја напуштиле неговата фирма.

Овој милијардер има 300 постојани вработени, и околу 800 хонорарци. Сепак цифрата од 70 луѓе за 40 години и понатаму е приличо импресивна.

На прашањето како успеал толку мал број да заминат од компанијата ДеЖори одговорил:

„Кога барам нови луѓе за одредени професии, гледам да имаат подобри вештини од што би можел јас да имам, или имаат способност да учат брзо и подобро од мене, без разлика дали се работи за портир или претседател на мојата компанија.

Без разлика дали вработувате некој или некој поставувате на раководна позиција, водете сметка да имаат подобри способности за таа позиција од вас. Единствено така можете да бидете лидер.“

Изгледа дека оваа стратегија на вработување е малку веројатна дека ДеЖори ќе мора да замени луѓе-или дека тие ќе бидат исфрустрирани и ќе заминат. Сепак, не било лесно да се биде над некој кој е „попаметен“ или поспособен од вас во некои области.

ДеЖори освен оваа, има уште неколку компании во своја сопственост-ланец продавници на накит, како и продавница за нега на миленици. Познат е по тоа што не користи мејл ниту компјутер, работата ја завршува преку телефон или на состаноци лице-в лице.

Неговото мото во работата е: „Посвети внимание на неколку витални работи и игнорирај многу ситници и небитни работи“. Тоа се гледа и во неговата работа-следи како работи производството, продажбата, кои се нови производи, кампањи, и дали неговите луѓе се среќни. Сите други работи за него не се важни. Уште во претходните интервјуа рекол дека неговите челни луѓе се попаметни од него и дека тоа е предуслов за извршување на работата.