12 Мај, 2024
0.0238

Како не задолжија 1,37 милијарди евра за 10 години?

Објавено во: Економија 22 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Нашиот долг изразен во државни хартии од вредност (обврзници и записи) достигна 1,47 милијарди евра на крајот на октомври годинава. Од јануари 2008 година до октомври годинава не задолжија за нови 1,373 милијарди евра на домашниот пазар на капитал преку издадени државни обврзници и записи кои , ви текнува, ќе ги враќаме ние од даноци и акцизи кои ги плаќаме. Суштината е проста – копаме поголема дупка за да ја затрупаме помалата.

Бројките за растот на нашиот долг на домашниот пазар се поразителни и застрашувачки. Од јануари 2008 година до октомври годинава нашиот долг изразен во државни обврзници и записи пораснал за 1,373 милијарди евра!!! Во јануари 2008 година изнесувал 95,5 милиони евра, а на крајот на октомври 2017 година изнесува 1,468 милијарди евра односно изразено во нашата национална валута 90,596 милијарди денари. Ова е износот што ние даночните обврзници како гаранти на државата која ги издава должничките хартии од вредност го должиме на домашни и странски банки, инвестициски фондови и други кредитори кои купувале домашни обврзници и записи.


Почитувани читатели дали евро од овие 1,37 милијарди евра дојде до вас во овие 10 години и дали почувствувавте благодет од парите што Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги позајмувала, а како гарантори се јавуваме ние –даночните обврзници?

Од податоците кои се јавно достапни и се објавени на веб страницата на Министерството за финансии може да се види дека тенденцијата била силен раст на домашното задолжување во записи и обврзници кое прогресиралод 95 милиони евра до 1,47 милијарди евра.

Можеби најстрашно е тоа што со новото задолжување не се враќале стари долгови. Туку се трупале само нови задолжувања.Во стилот да ископаме поголема дупка и со ископаната земја да ја наполниме старата дупка. Е за тоа дојдовме до долг од 90 милијарди денари. Сликовито кажано, сите буџетски приходи што ќе се соберат за десет месеци се потребни да се врати само долгот спрема кредиторите кои купиле државни обврзници и записи. Очигледно е од достапните податоци дека тенденцијата по последно време е задолжување на пет, десет и петнаесет години.

Не задолжија на 10 и 15 години, ги задолжија нашите деца и внуци

Од структурата на долгот е видливо дека низ годините од 2008 па наваму се менувала рочната структура со мегаломанскиот пораст на задолжувањето. Од 2008 година до 2011 рочната структура била следна: записи со рок на отплата на 3, 6 и 12 месеци и во многу мал обем задолжување на 3 години. Од 2012 година започнуваат освен да го зголемуваат и да го трансформираат долгот одлагајќи ги роковите за враќање. Прво со мали суми на 5 години, а потоа со поголеми износи. Хит на задолжување во периодот од 2013 до 2016 година е периодот до 5 години кој доминира во должничката структура особено во 2014,2015 и во 2016 година. И тогаш прво скромно, а потоа и се поинтензивно започнува задолување на рок до 10 и 20 години.Екстазата е во првите десет месеци оваа година. Во јануари годинава со рок на враќање од 15 години има 10,76 милијарди денари (околу 10 отсто од целиот долг). Во октомври годинава сумата со рок на враќање на 15 години е 20,6 милијарди денари односно повеќе од 20 отсто од целиот долг! Дали ова ви личи на мерка која се зема кога економијата е во раст и е здрава?

Каква е структурата на долгот во октомври годинава?

Вкупниот долг за обврзници и записи е планина од 90,6 милијарди денари. Над 20,5 милијарди денари е долг со рок на отплата од 15 години, 8,3 милијарди денари е со рок од 10 години, а 12,66 милијарди денари се со рок на отплата од 5 години. За три години треба да се вратат 3,7 милијарди денари, а за 2 години 6,9 милијарди денари. Идната година во октомври треба да вратиме 600 милиони евра!

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска