03 Мај, 2024
0.0249

КАКО СЕ БРАНАТ СИРОМАШНИТЕ - пратениците што гласале за повисоки даноци наречени „свињи“

Објавено во: Балкан 26 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Откако словенечките пратеници од владејачките партии гласаа за промена на даночните стапки, нивниот колега, Миха Кордиќ, на фејсбук ги нарече „свињи“, и потоа не сакаше да им се извини. 

Според него, но и според неговата партија, таа измена најмногу ќе ги погоди луѓето со најниски приходи. 

„Оние пратеници кои гласаа за мерките со кои заради помалата даночна стапка самите ќе добијат повеќе за 700 евра годишно, додека оние со пониски плати и самохраните мајки поради помалите додатоци годишно ќе изгубат по 200 евра, се обични свињи“, напиша Кордиќ на Фејсбук веднаш по гласањето во парламентот.

Како што пренесува Хина, според него, владејачките партии преку промената на распоредот на оданочување на приходите, за себе и за другите луѓе со високи плати ќе добијат даночни олеснувања, а сиромашните „празна чинија“.

Кордиќ е пратеник на Левица, партија која формално не е во владата, но и обезбедува парламентарно мнозинство како придодадена членка, но нејзините односи со партиите од владејачката коалиција на премиерот Маријан Шарец во последните неколку недели се расипаа, откако партиите во владата ги обвини за нечуствителната социјална политика.

Кордиќ, еден од помладите членови на парламентот, објасни дека реагирал во бес, но дека всушност треба да се извинат оние кои гласаа така како што гласаа. Напомена дека во фокусот на јавноста не треба да биде терминот „свињи“, како што се случи, туку „свињаријата“, која со изгласаните промени, се направи. Тој вели дека ниту ќе го повлече, ниту ќе го избрише својот став на фејсбук. 


Можеби ќе ве интересира

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија