07 Мај, 2024
0.0223

Како смогот од Пекинг ќе се претвора во дијаманти?

Објавено во: Стил 18 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Пекинг може да направи нов чекор напред во надминувањето на лошата репутација поради смог и загадувањето на воздухот, создавајќи иновативен накит благодарение на сето тоа, пишува Bloomberg.

Холандскиот дизајнер Дан Роусехарде создал кула која го прочистува воздухот од смог. Таа е наречена "Smog Free Tower" и е поставена во кинеската престолнина. Искористувајќи го процесот на јонизација, кулата ги привлекува малите честички од воздухот, и ги филтрира.

Бидејќи повеќе од 40% од собраното е јаглерод, тој решава да го користи за иновација. Со помош на висок притисок тој ја претвора супстанцијата во дијаманти, кои можат да се продаваат како накит.

Високата  кула од 7 метри во моментов работи и бидејќи Кина инвестира повеќе средства во намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на живот, Роусхарде планира да постави стотици такви кули во земјата.

„Може да се каже дека ова е најголемиот апсорбер на смог во светот"- коментираше тој за Bloomberg Television.

Кина ќе инвестира милијарди долари во борбата со смогот.