03 Мај, 2024
0.0264

Како со малку буџет да купите многу работи!

Објавено во: Мои пари 19 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Време е за револуција наречена Garage Sale во Рамстор Мол каде што ќе можете да купите, евтино, шик и квалитетно по ниски цени. Попустите од 50 до 70%  се најдобра можност за да ја обновите вашата облека и аксесоари.

Скапо купените парчиња облека не се одраз на стилот. Не е лесно да се облечеш убаво, со стил, а при тоа да не потрошите многу пари. Меѓутоа ние ви откриваме дека и со малку пари може да бидете женствени и гламурозни. Многу е важно работите кои ќе ги облечете да бидат квалитетни, да прилегаат на вашата фигура и да знаете како да ги носите.

Ви даваме осум совети кои ќе ви користат за време на Garage Sale, како да заштедите пари, време и да уживате во купувањето.

1.  Ние ви советуваме да поминете низ продавниците во Рамстор Мол, внимателно да ги разгледате колекциите кои ви ги нудат вашите омилени брендови. Разгледувајте, пробувајте и секако на висок попуст купувајте ги.

2.  Направете список што се ви треба, бидејќи така полесно ќе знаете што да барате и кои ви се приоритетите.

3.  Тргнете во купување со вашата пријател/ка така што меѓусебно ќе можете да се советувате околу изборот на добро парче облека или аксесоар.

4.  Исто така бидете сигурни дека парчињата кои ги купувате се лесни за комбинација, како на пример квалитетна бела кошула, палто кое е изгледа како да е направено за вас, мал црн фустан, фармерки или панталони кои ви стојат совршено, кожна јакна или црни затворени чевли се само некои од работите кои нема да зажалите доколку ги купите. Се работи за одлична модна инвестиција и ќе бидете супер облечени во секоја прилика.

5.  Трендовите брзо се менуваат, па купување за време на Garage Sale е одлична прилика да бидете во тренд со помалку пари и да не се нервирате доколку следната сезона некое парче облека не е повеќе во тренд. Подобро пронајдете поевтина варијанта, а другиот дел од парите издвојте ги за нешто што не поминува од мода така брзо.

6.  Пред да тргнете на Garage Sale добро размислете што ви треба. Пред да ве понесат ниските цени, поставете си три прашања: како можам да искомбинирам, имам ли слично парче и колку најмногу би платила.

7.  Попустите на Garage Sale се идеално време кога ќе можете да ја збогатите својата колекција модни додатоци како на пример, тренди марама, интересен колан, накит, шал или моден украс за коса, бидејќи сите модерни дами ќе ви кажат дека со неколку модни детали ќе бидете впечатливи дури и во најобичната модна комбинација.

8.  Најважно од се, пред да тргнете во шопинг одредете го вашиот буџет.

Рамстор Мол ви дава прилика советите да ги примените во пракса. Со црвено забележете ги датумите и останаа уште неколку дена до 23ти август и не ја пропуштајте можноста да уживате во шопинг низ сите продавници во Рамстор Мол каде ве чекаат големи попусти.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија