10 Мај, 2024
0.0244

Каков квартал имаше „Макпетрол“?

Објавено во: Економија 13 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Акцијата на „Макпетрол“ за половина година носи добивка од речиси 50 евра по акција. Приходите од продажба растат значајно повеќе од расходите, а позитивен е и соодносот на финансиски приходи и финансиски расходи. За пола година приходот од продажба е 156,1 милиони евра и е за 14 отсто поголема од истиот перидо лани. Добивката до крај на јуни е 5,53 милиони евра и е поголема од профитот што „Макпетрол“ го оствари за цела 2017 година

Најголемата македонска компанија за малопродажба на нафтени деривати „Макпетрол“ за половина година оствари добивка од 5,53 милиони евра и таа се за 650.000 евра поголема од добивката што оваа компанија ја оствари во целата 2017 година. Нето добивката на „Макпетрол“ е 3,55 отсто од приходите од продажба за првата половина годинава. А добивката по акција за 6 месеци е речиси 50 евра.

Споредбата на податоците по квартали покажува дека вториот квартал (периодот април-јуни) е многу подобар за „Макпетрол“ од периодот (јануари-март). На пример соодносот на нето добивка во двата квартали е 2,5 напсрема 1 во корист на периодот април-јуни. Тоа се должи на големиот раст на приходите од продажба во вториот квартал во споредба со првиот квартал и паралелно на тоа помал раст на оперативните трошоци на компанијата. За половина година приходот од продажба е 156,1 милиони евра! Тоа во споредба со истиот период лани е подобро за 14 отсто. Вториот квартал во овој скор учествува со 86,44 милиони евра што е за 16,8 милиони евра подобра продажба од периодот јануари-март. А првиот квартал годинава пак сам за себе беше многу подобар во споредба со првиот квартал во 2017 година. Домашната продажба во доминантна мерка учествува во целата продажба на „Макпетрол“. Реализацијата на домашниот пазар е 149,25 милиони евра во првата половина од годинава и таа книжи раст од 12 отсто во однос на истиот период лани. Разликата во продажбата меѓу првиот и вториот квартал годинава е 15,75 милиони евра во корист на периодот април-јуни, а продажбата во вториот квартал е 82 милиони евра – тоа е прометот на бензинските пумпи на „Макпетрол“ од почеток на април до крај на јуни.

Оперативните расходи за првите шест месеци се 151,5 милиони евра. Тие бележат раст од 11 отсто во однос на истиот период лани. Разликата меѓу приходот и оперативните трошоци е 5,14 милиони евра.

Во образложението на „Макпетрол“ пишува дека продажбата на дизел горива, автоплин и пропан-бутан е зголемена во споредба со истиот период лани, а продажбата на бензините бележи мал пад. Но и покрај тоа вкупната подажба на горива генерално бележи раст од 2 отсто во однос на првата половина од 2017 година.

Значајно да се истакне е тоа што во првата половина годинава финансиските приходи се за 800.000 евра повисоси од финансиските расходи што дополнително позитивно влијае врз работењето на компанијата. За првата година финансиските приходи биле 1,68 милиони евра и се речиси пола милион евра поголеми од финансиските расходи.


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?