Каков став има Дора Бакојани за името?
Објавено во: Балкан 20 Декември, 2017
Поранешната грчка министерка за надворешни работи, Дора Бакојани на Твитер напиша дека грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос за време на владеењето на Костас Караманлис, кој беше премиер на Грција од 2004 до 2009 година, два пати прифатил сложено име со географска одредница за спорот за името.
„Каменос два пати за време на владеењето на Караманлис гласаше за сложено име, со географска одредница, ерга омнес, што беше национална позиција, прифатена од сите, освен од Лаос, со која заминавме на Самитот во Букурешт“- напиша Бакојани.
Каменос вчера изјави дека остануваат на позицијата утврдена во 1992 година на средбата на партиските лидери под покровителство на тогашниот претседател Константин Караманлис дека терминот „Македонија“ во името на соседната држава не е прифатлива опција за Грција. За промена на таа позиција, вели ќе биде неопходен нов состанок со актуелниот претседател Прокопис Павлопулос.
Ставот на Каменос, според грчките медиуми, создава загриженост и во редовите на владејачката СИРИЗА, на премиерот Алексис Ципрас.
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас вчера во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ изјави дека спорот за името мора да се реши со компромис.