08 Мај, 2024
0.0275

Каква судбина ќе има Рашковски, имал ли овластување да преговара со Леонардо

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Каков исход ќе има случајот со генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, дали тој ќе биде разрешен, дали самиот ќе си оди и ќе се докаже ли дали имал какво било влијание во тендерот за италијанската компанија Леонардо склучен со М-НАВ. Додека тој тврди дека е невин и ништо не правел без инструкции од Владата, премиерот Зоран Заев вчера рече дека нема одлука дали треба да го разреши. Сепак вчерашната изјава е малку поразлична од таа од пред неколку дена, оти Заев сега рече дека треба да ги види аргументите и снимките, па да одлучи дали ќе бара оставка од Рашковски. 

Вели дека останува на ставот дека функционерите не треба да бидат боксерска вреќа, но го спомена и етичкиот дел односно, до каде е границата и ја поминал Рашковски или не.

Во јавноста сепак до сега не излезе овластувањето што Владата му га дала на Рашковски да разговара во овој случај и да се вмеша како владин претставник.Ова, според познавачите отвора многу дилеми.

Новата „бомба“ за Рашковски ја објави порталот „Економски Лидер“. Порталот тврди дека оваа снимка е доказ дека Рашковски е свесен дека воопшто не смее да разговара со компанијата „Леонардо“, бидејќи кога се одвива состанокот компанијата се уште го нема добиено тендерот. 

Од Обвинителството се уште само ги следат случувањата и велат дека ќе постапат ако утврдат елементи на сторено кривично дело.Случајот го разгледува и Комисијата за спречување на корупцијата. 

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње

ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Mожaт да гласаат оние со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Mожaт да гласаат оние со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре